Богатите побогати, сиромашните посиромашни | Економија | DW | 20.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Богатите побогати, сиромашните посиромашни

Социјалната нееднаквост станува сѐ поголема. Но таа не е природен закон. Пет мерки би можеле да го намалат јазот меѓу богатите и сиромашните.

Добра вест: нееднаквоста меѓу земјите на Југот и земјите на Северот се намалува, поради тоа што брутодомашниот производ се зголемува, особено во земјите во забрзан подем. Лоша вест: насекаде во светот јазот меѓу богатите и сиромашните станува сѐ поголем. Притоа, социјалната нееднаквост не е природен закон. Постојат и политички и економски мерки за борба против нееднаквоста.

Даночна програсија и даночно затајување

Даночна прогресија е кога високите примања се оданочуваат повеќе од ниските. Даночната прогресија е најефикасно средство за социјална прераспределба во општеството. Во многу земји меѓутоа приходите од работа се оданочуваат повеќе отколку приходите од богатство, како на пример поседувањето акции. Така е предвидено и со даночната реформа на американскиот претседател Доналд Трамп. На тој начин има прераспределба одоздола нагоре наместо обратно. Јазот меѓу богатите и сиромашните станува сѐ поголем.

Освен тоа, државите губат многу и со даночното затајување. Европската Комисија проценува дека земјите членки преку сосема легални даночни трикови на богатите и на големите концерни секоја година губат по 50 до 70 милијарди евра. Враќањето кон даночна прогресија и кон даночен систем во кој оние кои имаат најмногу и плаќаат најмногу, би можело да создаде повеќе државни инвестиции, на пример во образованието и здравството.

The Bobs Gewinner 2014 Mosaab Alshamy (Mosaab Alshamy)

Богатство и сиромаштија рамо до рамо - Каиро

За концерните - според принципот на предизвикувач

Концерните и претпријатијата денес работат глобално. Суровините се купуваат онаму каде што се најевтини, се произведува во земји со евтина работна сила, а се продава насекаде во светот каде што има платежно способни муштерии. Инвеститорите не се бунат, она што е важно се берзанските курсеви и дивидендите. Добивката најчесто се оданочува онаму каде што е најповолно - во т.н. даночни раеви. Скандалите како Панама или Рајските документи неодамна предизвикаа внимание ширум светот.

Но, трошоците за ваквиот глобализиран производен ланец ги сносат локалното население и животната средина. Кога меѓународните рибарски флоти ловат повеќе риба од дозволеното и кога меѓународните земјоделски концерни купуваат земјиште кое потоа индустриски го искористуваат, се загрозува егзистенцијата на локалните рибари и на ситните селани. Трошоците за штетите по животната средина ги сносат сите.

Оданочување на концерните во местото на производство и глобален финансиски регистар за да се спречат даночно затајување и перење пари, би можело да обезбеди пари за неопходните јавни инвестиции. Директна одговорност на концерните за штетите по животната средина би била поттик за еколошко производство.

Paradise Papers Bildmontage Symbolfoto Paradise Papers Bildmontage Symbolbild (Imago/STPP)

Добивката најчесто се оданочува онаму каде што е најповолно - во т.н. даночни раеви

Фер плати за фер распределба

Кога големите концерни се закануваат со преселба на некоја фабрика во друга земја, затоа што таму работната сила е поевтина, владите често попуштаат. Барањата за плати според тарифен договор, за подобра безбедност на работното место и социјално осигурување во такви случаи остануваат во втор план. Но, ниските примања за работникот значат сиромаштија, а за државата - губење даночни приходи. На тој начин државите остануваат со помалку средства за јавни инвестиции во инфраструктурата, во образованието или во здравството. Спиралата на социјална нееднаквост оди сѐ подолу.

Но ниските плати и социјалната нееднаквост на долг рок им ги расипува и пазарите на актерите во стопанството. Можеби евтината работна сила краткорочно влијае врз добивката на претпријатието, но долгорочно, кога ќе почнат штрајкови и немири, фирмите губат. И сѐ додека работниците се платени помалку отколку што е потребно за од тие пари да можат да живеат, нема да се создаваат ниту нови пазари за сопствените и туѓите производи.

Indien Textilfabrik (Andrew Caballero-Reynolds/AFP/Getty Images)

Ниските примања за работникот значат сиромаштија, а за државата - губење даночни приходи

Образование за сите

Образованието насекаде во светот е билет за социјален подем. Со развојните цели од Агендата на ОН 2030 сите држави на Обединетите Нации се обврзаа до 2030 година да воведат образование за сите. Одржливи образовни системи се добри и за одделните држави. Само на тој начин луѓето и земјите ќе фатат приклучок кон дигиталната економија, т.н. „Економија 4.0“.

Зашто, за сѐ поголем број работни места е потребна висока образовна комтепентност. Добар образовен систем за сите обезбедува долгорочно добри и добро платени работни места, ја поттикнува демократијата и социјалната праведност во општеството. Образованието за сите преку социјалното порамнување го стабилизира општеството и го прави понеподложно на насилство и социјални немири.

Повеќе:

Рајски документи: како богатите го кријат своето богатство

Текстилни фабрики среде Европа со услови како во Бангладеш

Иднината на живеењето - роботизирано и вмрежено

Поттикнување рамноправност

Сеедно дали се работи за богати или сиромашни земји - жените во просек секаде заработуваат помалку од мажите и поретко од мажите припаѓаат на политичката и економската елита. Со грижата и негата жените ширум светот извршуваат работа вредна десет милијарди американски долари годишно. Доколку постигнувањето рамноправност и натаму се одвива со сегашното темпо, тогаш жените и мажите ќе имаат исти плати дури за 217 години.

Можеме ли да си дозволиме запставување на половина од популацијата во светот? Студиите покажуваат дека жените се тие кои се залагаат за образование и добра исхрана за своите деца. Без активно вклучување на жените ниту економски ниту политчки нема да успее намалувањето на социјалната нееднаквост.

DW.COM

Реклама