БМВ и Дајмлер со најголем профит | Економија | DW | 03.04.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

БМВ и Дајмлер со најголем профит

БМВ и Дајмлер се најпрофитабилни автопроизводители во светот. Во тесно водство се Баварците, покажува една актуелна студија.

Консултантската фирма „Ернст и Јанг“ објави дека и покрај тоа што Тојота и Фолксваген во 2016 година продале најмногу автомобили во светот, на врвот на листата која го мери профитот се БМВ и Дајмлер.

Концернот од Волфсбург и покрај скандалот со мерењето на издувните гасови од дизел-возилата е прв на листата на најмногу продадени возила, но затоа на листата за профит е дури на 14 место. Фолксваген, имено продал 10,21 милиони возила, а веднаш зад него се Тојота со 10,17 милиони продадени автомобили и Џенерал Моторс со 10,01 милиони продадени возила.

Мерено според профитот, меѓутоа, други двајца играчи на автомобилскиот пазар го водат орото - БМВ и Дајмлер. БМВ остварил добивка на обртот од 10 проценти, а Дајмлер - 8,4 проценти. Тојота, поради силниот јен, во 2016 година бележи пад на профитот, што значеше и пад на третата позиција.

Најголем пораст на обртот минатата година е забележан кај кинеските производители - 9%. Порастот во западна Европа изнесува 6%, додека бизнисот во САД стагнирал.

Според проценките, ваквиот курс веројатно нема да продолжи и годинава. Во јануари и февруари плусот во светски рамки изнесувал само околу 1%. „Порастот е послаб затоа што американскиот пазар е послаб, Кина се движи побавно, а попушта и динамиката во Европа“, оценува автомобилскиот експерт на „Ернст и Јанг“, Петер Фус.На европските производители најмногу проблеми веројатно ќе им задава намалениот обрт во делот на дизел-возилата.

DW.COM

Реклама