Блер – Ирак – киднапирања | Вести | DW | 31.05.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Блер – Ирак – киднапирања

Британскиот премиер на заминување Тони Блер ја повика нацијата на истрајност по киднапирањето на петмина Британци во Ирак. Оние кои се подготвени на грабнувања и тероризам не смеат да ја постигнат целта, порача Блер при посетата на Сиера Леоне. Англиканскиот свештеник Енрдју Вајт, кој веќе посредуваше при ослободувањето на повеќемина заложници во Ирак, вчера изјави оти киднапирањето веројатно е одмазда за убиството на еден лидер на Мехди милиците во Басра.

“Работиме многу напорно за да воспоставиме контакт со нив. Како што сега стојат работите станува збор за шиитска група. Не знаеме сто проценти сигурно за која група станува збор, но сепак имаме некои индиции.“