Блед – форум | Вести | DW | 28.08.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Блед – форум

*

Ширењето на ЕУ е неопходно за Европејците и за сите членки на ЕУ, изјави словенскиот министер за надворешни работи, Димитриј Рупел, на завршната прес-конференција на форумот на Блед. Според Рупел, чија земја ќе претседава со ЕУ од јануари, ширењето на унијата носи политичка стабилност и стопански пораст. На форумот на Блед посветен на ширењето и реформата на ЕУ, учествуваа повеќе од 400 политичари и научници од 50 земји.