Бионтек/Фајзер: Три пати повеќе антитела по третата доза вакцина | Панорама | DW | 26.08.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Бионтек/Фајзер: Три пати повеќе антитела по третата доза вакцина

Реакциите на вакцината биле „лесни до умерени“, концентрацијата на антитела 3,3 пати повисока отколку по втората доза – Бионтек/Фајзер во САД доставиле нови податоци за ревакцина од нивната студија во трета фаза.

Германското претпријатие Бионтек и неговиот американски партнер Фајзер доставуваат натамошни податоци до Американската агенција за лекови и храна, ФДА, заради добивање дозвола за ревакцинирачка  доза против коронавирус. Студија во трета фаза, според наводите на производителите, покажала по ревакцинацијата со нивната вакцина постоење голема концентрација на неутрализирачки антитела против коронавирус. Барањето за издавање дозвола за вакцината, придружено со овие податоци, треба да биде поднесено до крајот на неделава. Трета фаза на студија е инаку клучна за одобрение на некој лек или вакцина. Таа го докажува дејството на препаратот и опфаќа обично многу повеќе учесници отколку во претходните фази на студијата.

Третата доза на вакцината против Ковид-19 на Бионтек/Фајзер на учесниците во студијата им била давана меѓу 4,8 и 8 месеци по примањето на втората доза. Притоа, концентрацијата на неутрализирачки антитела против САРС-КоВ-2 по третата доза била зголемена 3,3 пати во однос на онаа по примените две дози, се вели во соопштението на Бионтек/Фајзер. Во третата фаза на нивната студија учествувале 306 пробанди на возраст меѓу 18 и 55 години.

Реакцијата по примениот трет шприц била лесна до умерена, најчести биле болки на местото на инјектирањето, малаксаност, главобоки, болки во зглобовите и мускулите и треска. Во основа, вакциналната реакција била слична или полесна со онаа по втората доза.

Во следните денови овие податоци терба да бидат доставени и до Европската агенција за лекови, ЕМА, како и до други надлежни служби. Резултатите од студијата ќе бидат објавени и во стручен часопис.

Деновиве објавенабританска студија, под раководство на Тим Спектор, покажа дека заштитата од коронавирус која ја обезбедува вакцината на Бионтек/Фајзер по пет до шест месеци по примените две дози, се намалува од 88 на 77 проценти. Кај вакцината на АстраЗенека заштитното дејство по четири до пет месеци опаѓа од 77 на 67 проценти. Податоците се базираат на резултатите од преку 1,2 милиони тестирања. Во најлош случај, според проценките на Спектор, заштитеноста кај постарите лица до зима ќе опадне под 50 проценти.

Затоа, тимот британски експерти препорачува давање трета доза вакцина.

Ставот на Светската здравствена организација е поинаков – наместо трета доза, да се врши засилено вакцинирање во посиромашните земји.