Бејрут: И натаму десетици исчезнати | Свет | DW | 08.08.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Бејрут: И натаму десетици исчезнати

Четири дена по катастрофалната експлозија во Бејрут, повеќе од 60 луѓе се уште се водат како исчезнати во либанската престолнина. За утре попладне пак е закажана меѓународна донаторска конференција за помош на Либан.

Повеќе од 60 луѓе се водат како исчезнати во неодамнешната експлозија на амониум нитрат во магацин во пристаништето во Бејрут, соопшти денеска либанското министерство за здравство.

„Бројката на загинати е 154, од кои 25 сѐ уште не се идентификувани“, наведе министерството и додаде дека се трага по 60 исчезнати лица.

Во соопштението е наведено оти во експлозијата која се случи во вторникот, се повредени над 5.000 лица од кои 120 и натаму се во критична состојба.

За утре попладне е закажана меѓународна видео донаторска конференција со цел да се собере итна хуманитарна помош за населението во Бејрут. Коорганизатори на конференцијата се францускиот претседател Емануел Макрон и Обединетите нации, соопшти претседателскиот кабинет на Франција. 

Гледај видео 00:25

Страотната експлозија во Бејрут од повеќе агли

Повеќе:

-Луѓето во Бејрут сакаат „револуција“

-До следниот пат, мој драг Бејрут

-Експлозијата во Бејрут: Зошто амониум нитратот е толку опасен?

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека утре ќе учествува на оваа меѓународна видео донаторска конференција.

„Во недела ќе организираме видео конференција со претседателот Макрон, претставници од Либан и од други делови од светот“, напиша Трамп на Твитер и додаде дека „целиот свет сака да помогне“.

На донаторската видеоконференција ќе учествуваат и европските институции, претставувани од претседателот на Совото на ЕУ, Шарл Мишел и еврокомесарот за хуманитарна помош, Јанез Ленчарич. 

Реклама