Бесплатен јавен превоз против загадувањето- не е доволно, велат граѓаните | Македонија | DW | 06.02.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Бесплатен јавен превоз против загадувањето- не е доволно, велат граѓаните

Граѓаните реагираат и бараат ефикасни мерки против загадувањето кое достигна енормни граници.

Скопјани се задушија.  Само за време на викендот, загадувањето во делови на градот беше 24 пати над дозволеното, што е апсолутен рекорд. Градските власти донесоа одлука од утре јавниот превоз да биде времено бесплатен.  Бесплатното возење во автобусите на ЈСП и во приватните автобуси ќе трае сѐ до моментот на намалување на загаденоста на воздухот. Ова е една од мерките и препораките поради енормната загаденост на воздухот во главниот град, кои денеска ги сопшти градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Граѓаните сепак бараат одговорност и долгорочно ефикасни мерки за справување со овој сериозен проблем, од кој годишно умираат најмалку 1300 луѓе. Повеќе за грижите и барањата на Скопјани во однос на загадувањето на воздухот во градот, во следнава анкета, снимена денеска на улиците на главниот град: 

Гледај видео 02:08

Задушени Скопјани бараат итни мерки

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама