Бесниот Кацав | Свет | DW | 25.01.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бесниот Кацав

Секс-аферата на израелскиот претседател Моше Кацав се заканува да предизвика државна криза. По подигнувањето тужба за сексуална злоупотреба и силување од страна на државниот обвинител, сега и премиерот Ехуд Олмерт бара претседателот да поднесе оставка. Меѓутоа, Кацав засега не сака да слушне за такво нешто.

Плакати со барање за оставка на Кацав

Плакати со барање за оставка на Кацав

За синоќа беше најавена прес-конфернција, но настапот на Моше Кацав се претвори во говор до нацијата, односно бесна пресметка со сите од кои претседателот се чувствува прогонуван: полицијата, државниот обвинител и пред се – медиумите.

Скоро со викање тој навредуваше еден новинар кој сакаше да му постави меѓупрашање:

„Вие ќе чекате. Доволно зборувавте. Вечерва зборувам јас. Вие зборувавте шест месеци. Сега е ред јас да зборувам. А, ако не ви се допаѓа, можете да си одите. Можете да исчезнете одовде. Вие доволно кажавте, а јас ништо. Сакате да ја слушнете вистината, вие од Канал два? Каналот два кој шест месеци ми ја смука крвта„.

Кацав рече дека медиумите го прогонуваат скоро седум години откако стапи на функцијата, без притоа да образложат зошто стана жртва на новинарите. Тој не се чувствува виновен за ништо. Обвинувањата на жените што го товарат за сексуална злоупотреба или дури за силување, сите тие се од чувство на одмазда на отпуштени сорабтнички:

„Никогаш против мене нема доставено пријава во полицијата. Ниту од 12-те жени, од ниту една жена. Полицијата се повика на печатот, а печатот беше непријателски настроен кон мене. Полицијата се врати назад 30 години и ја прашуваше секоја девојка што работела со мене„.

Нема да поднесе оставка, туку само привремено ќе ја стави функцијата во мирување. Дури кога државниот обвинител формално ќе поднесе тужба, тогаш ќе ја напушти функцијата.

Меѓутоа, притисокот врз претседателот Кацав расте. Вчера за првпат и премиерот Ехуд Олмерт пабара оставка од претседателот:

„Под вакви околности, воопшто не се сомневам дека претседателот веќе не може да остане на функцијата. Тој мора да го напушти седиштето на претседателот„.

Денеска надлежниот парламентарен одбор ќе разговара за натамошните постапки. Пратеници од различни фракции бараат, парламентот да поведе постапка за одземање на функцијата на Кацав.