Берлин нема директен контакт со авганистанските грабнувачи | Вести | DW | 06.08.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Берлин нема директен контакт со авганистанските грабнувачи

*

Германската влада нема директен контакт со грабнувачите на градежниот инжинер во Авганистан, соопшти државниот секретар во министерството за надворешни работи Гернот Ерлер. Се уште е нејасна судбината на киднапираниот по истекот на неколку ултиматуми и најавите за негово скоро ослободување. Германија се потпира на преговорите водени од авганистанската влада, која има контакт со киднаперите. Соопштено е дека преговорите биле потешки отколку во други случаи.