Берлин и Скопје ќе соработуваат во безбедноста | Северна Македонија | DW | 21.11.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Берлин и Скопје ќе соработуваат во безбедноста

Министрите за внатрешни работи на Германија и Северна Македонија Хорст Зехофер и Оливер Спасовски потпишаа билатерален договор за безбедносна соработка. Скопје ќе добие и опрема во вредност од над милион евра.

Horst Seehofer (picture-alliance/dpa/AP Photo/M. Sohn)

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер

Германија и Северна Македонија потпишаа билатерален безбедносен договор кој ги отвора вратите за засилена соработка и размена на информации меѓу безбедносните служби во двете држави. Договорот во Берлин, вчера, го парафираа министрите за внатрешни работи Хорст Зехофер и Оливер Спасовски. 
„Западен Балкан е клучен за стабилноста на целата Европска Унија. Зад нас има многу пријателска и истовремено успешна соработка меѓу нашите две држави. Таа треба да се прошири, исто така и токму во областа борба против тешкиот и организиран криминал како и тероризмот. Договорот што го склучивме ќе ја даде правната рамка за тоа“, изјави германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер.
Германскиот министер објасни дека договорот содржи одредби за формите, условите и границите на соработка. Службите во двете држави во иднина ќе разменуваат информации за сторители на кривични дела, ќе соработуваат потесно и репресивно во истраги и при заштита на сведоци. 
Двете министерства од претходно потпишаа и договор за донација со кој граничната полиција на македонското МВР ќе добие возила и опрема во вредност од 1,1 милион евра.

DW.COM

Реклама