Берлин: Заеднички регионален пазар наместо „Отворен Балкан“ | Информации и анализи за Балкан | DW | 13.09.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Балкан

Берлин: Заеднички регионален пазар наместо „Отворен Балкан“

Државниот секретар во германското МНР, Мигел Бергер во интервју за ДВ избегнува да ја критикува иницијативата Отворен Балкан, но посочува дека иднината на земјите од регионот ја гледа во Заедничкиот регионален пазар.

Германија ја поздравува секоја регионална иницијатива за соработка на Западниот Балкан, но важно е соработката да биде инклузивна и да ги опфаќа сите шест држави од регионот, вели во интервју за Дојче веле, државниот секретар во германското министерство за надворешни работи, Мигел Бергер.

„Ние сакаме одржливо зајакнување на соработката помеѓу сите шест држави од Западен Балкан. Ние го следиме овој пристап во Берлинскиот процес“, вели Бергер коментирајќи ја иницијативата на Србија, Албанија и Северна Македонија за ткн. Отворен Балкан. Тој потенцира дека од напредокот во реализацијата на Заедничкиот регионален пазар зависи и колку пари од ЕУ ќе пристигнуваат во регионот.

Три од шесте држави во регионот Косово, БиХ и Црна Гора одбиваат да се приклучат кон иницијативата наречена Отворен Балкан која ја туркаат српскиот претседател Александар Вучиќ и македонскиот и албанскиот премиер Зоран Заев и Еди Рама. 

 

DW Sendung To The Point Miguel Berger

Мигел Бергер, државен секретар во германското МНР

„За нас е клучно да ја унапредиме работата на Заедничкиот регионален пазар на шесте држави од Западниот Балкан во рамките на Берлинскиот процес. Ова е толку важно затоа што Заедничкиот регионален пазар, кој треба да се воспостави до 2024 година, е клучен предуслов за успешно спроведување на економскиот и инвестициониот план на ЕУ за регионот“, вели Бергер. 

Меркел во проштална посета

Канцеларката Ангела Меркел во понеделник започнува мини-балканска турнеја во која ќе ги посети Белград и Тирана и ќе се сретне со шестмината шефови на држави и влади на земјите од Западниот Балкан. Токму на нејзината иницијатива во 2014 беше започнат Берлинскиот процес чија цел беше забрзување на интеграцијата на земјите од регионот во ЕУ, преку серија различни иницијативи.

Бергер за ДВ објаснува дека ниту една од овие иницијативи нема за цел да служи како алтернатива за полноправното членство во ЕУ и ги отфрла идеите на некои тинк-тенкови за регионалното поврзување како алтернатива за ЕУ.

„Германската влада ја гледа иднината на државите од Западниот Балкан во ЕУ. Привремените решенија што се предлагаат не се вистинска алтернатива и не ги посакуваат ниту владите, ниту луѓето од регионот. Истовремено, гледаме голем потенцијал за регионот преку натамошен развој на регионалната соработка. Напредокот во оваа област, како што е развојот на Заедничкиот регионален пазар до 2024 година, го поддржува патот на шесте земји од Западен Балкан во ЕУ“, вели Бергер. 

Гледај видео 04:44

„И овде може да се работи“

DW.COM