Берлин: Добредојде од срце за Северна Македонија | Северна Македонија | DW | 27.03.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Берлин: Добредојде од срце за Северна Македонија

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас од името на германската влада го честиташе официјалниот влез на земјата во НАТО. Пресвртница беше историскиот Преспански договор, вели Мас

„Им честитаме на граѓаните на Северна Македонија на членството во Алијансата и им посакуваме на нашите сојузници од срце добредојде“, се наведува во честиката од германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас која ја упатува од име на Владата.

„За луѓето во Северна Македонија со тоа завршува еден долг пат, кој го минаа со упорност. Важна пресвртница беше историскиот Преспански договор меѓу Грција и Северна Македонија. Со него, шефовите на држави и влади во двете земји импресивно покажаа дека политичката храброст и дипломатската умешност можат мирно да надминат долгогодишни блокади“.

„Тоа што и ЕУ оваа недела одлучи да започне пристапни преговори со Северна Македонија, е уште еден голем успех на консеквентната реформска политика.
Влезот на Северна Македонија во НАТО ги зголемува безбедноста и стабилноста на целиот регион на Западниот Балкан и е знак за политиката на отворени врати на НАТО- политика која придонесува кон обезбедување на слободата, демократијата и човековите права.
Германската сојузна влада се радува на соработката со нашиот нов сојузник Северна Македонија“.

Поврзана содржина

Реклама