1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Берлин во светлечки сјај

Хајке Болт-Шилер / Симе Недевски29 декември 2012

Берлин оваа зима е нарекуван главен град на светлечкиот сјај. Во главниот германски град повеќе од една деценија се одржува тура, во која посетителите можат да уживаат во светлечките декорации.

https://p.dw.com/p/1766G
Фотографија: DW

Берлин 17 часот. Местото на средба е на Курфирстендам. Веќе 12 години, секогаш во предбожиќниот и предновогодишниот период, тука започнува турата на светилките за да се открие сјаечката страна на градот.

„Луѓето доаѓаат тука за да се забавуваат, да поминат убава вечер и навистина изгледа многу убаво. Прекрасно е декорирано во градот, и тоа е забавно“, вели Штефан Денгес, градски возач.

Автобусот вози низ Курфирстендам, прочуената шопинг авенија во Берлин, минува покрај Европа центарот на плоштадот Брајтшајд и покрај КаДеВе, една од најголемите стоковни куќи во Европа. Турата трае три часа.

„И излозите на КаДеВе се секогаш прекрасно декорирани, токму во овој претпразничен период“, објаснува возачот.

Flash-Galerie Weihnachten Berlin Beleuchtung
Бранденбуршката портаФотографија: picture-alliance/dpa

Автобуската тура води преку булеварите, кои сјајат посебно. И таму каде што се штеди на светло, има информации кои ги изненадуваат и самите берлинци.

„Ваква автобуска тура сам берлинец не прави. Кога поминавме покрај паркот Тиргартен за првпат слушнавме дека дека таму има рододендронска шумичка“, вели Ларс вон дер Бург од претпријатието Автобуски превоз Берлин.

Но, тоа е повеќе нешто за в лето. Следното море од светилки вчудовидените патници ги очекува на Потсдамерплац - новоизградениот центар на Берлин по падот на ѕидот. На плоштадот годинава стои веројатно најшарената елка во градот.

„Го правиме ова веќе неколку години. Секоја година има нешто ново и сметам дека е секогаш прекрасно“, вели еден учесник во турата.

„Сега штотуку поминавме покрај Потсдамерплац. Таму изгледаше многу убаво, бидејќи кога се вози автомобил, не може секогаш да се види тоа“, вели друга патничка.

Ексклузивната улица Фридрихштрасе е „дотерана“ за празничниот шопинг, исто како и плоштадот Жандарменмаркт.

BdT Weihnachtliches Flair am Potsdamer Platz in Berlin
ПотсдамерплацФотографија: dpa - Report

„Стартуваме на три централни точки во градот, значи на Курфирстендам, на Источната железничка станица и во Нојкелн на Херманплац“, објаснува друг учесник во турата.

Се поминува покрај споменикот на Фридрих Велики, на авенијата „Унтер ден линден“ па се’ до Бранденбуршката порта. Божиќната елка што стои на плоштадот традиционално доаѓа од Норвешка, а таа пред дворецот Белви, седиштето на претседателот, доаѓа од Бранденбург.