Берлинале: „Петрунија“ меѓу фаворитите на критичарите | Панорама | DW | 15.02.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Берлинале: „Петрунија“ меѓу фаворитите на критичарите

Кој ќе ја освои Златната Мечка? Во пресрет на церемонијата на доделување на наградата некој ќе се затрча да види што мислат критичарите. Но, нивниот избор не секогаш го одразува и мислењето на жирито.

Berlinale 2019 Filmcrew 'Gospod postoi, imeto i' e Petrunija' aus Mazedonien (picture-alliance/AP Photo/M. Sohn)

Екипата на „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на црвениот тепих во Берлин

Неделава на Берлинале за време на една премиера, случајно седнав до филмски критичар кого го препознав и чие мислење го почитувам. Си придремуваше за време на проекцијата, и ме интересираше каква критика ќе напише за филмот следниот ден. За разлика од другите критичари кои ја критикуваа должината на филмот, тој имаше особено позитивно мислење за тоа. Веројатно не му делувал толку долг откако го преспа почетокот.

Филмските критичари на фестивалите имаат извонредна привилегија да гледаат голем број филмови во кус временски период. Но, тоа не е секогаш така лесно како што звучи. Во идеални услови, тие ќе го третираат со исто трпение и 20-от филм исто како и првиот - иако многу кино производи можат да ја тестираат сечија способност да остане буден.

Критичарите кои работат во дневниот печат потоа мораат да напишат мислење за тоа многу брзо, и преку анализа да ги доловат сите главни аспекти на делото во рок од неколку часа. Иако се професионалци кои се квалификувани да анализираат филм, на крајот, нивните мислења се исто толку субјективни, како и сечие друго.

Собирање ѕвездички

Субјективноста е изложена во една корисна фестивалска алатка за инсајдерите во филмската индустрија кое им го овозможува магазинот Screen International. Секоја година на Берлинале- како и на другите големи филмски фестивали, Кан и Торонто - магазинот им овозможува на меѓународните критичари да го оценат секој филм: Највисоката оценка е 4 ѕвезди (одлично), а најниската е нула (лошо). Резултатите се објавуваат секојдневно во печатеното издание на Screen International

Berlinale 2019 'Gospod postoi, imeto i' e Petrunija' Film aus Mazedonien Zorica Nusheva und Teona Strugar Mitevska (picture-alliance/dpa/C. Soeder)

Филмот на Стругар Митевска е меѓу трите најдобро оценети од критичарите.


Со оглед дека овие рејтинзи се придружени од осврти, може да се погодат кинематографските вкусови.

До четвртокот, трите филма кои водеа на листата се Приказна за трите сестри на Емин Алпер, „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска и Јајце на Ванг Кван'ан. Но уште три филма треба да бидат додадени на списокот - Елиза и Марсела на Исабел Коше, Синоними на Надав Лапид и Збогум сине од Ванг Шиаошуаи.

Изненадувачки победници

Иако листата на Screen Internationalе корисна за брз преглед и им помага на новинарите да откријат потенцијална Златна Мечка, дури и едногласното мислење на критичарите не е гаранција дека и фестивалското жири ќе има исто мислење.

Гледај видео 04:32

Сара Климоска: Македонскиот талент на Берлинале

На пример, кога „Јас, Даниел Блејк“ на Кен Лоуч ја доби Златната палма на Кан во 2016, многумина беа изненадени затоа што неговиот просечен рејтинг на листата беше 2.4; додека германскиот конкурент „Тони Ердман“ го имаше највисокиот просечен скор во историјата од 3.7 - според мислењето на 11 критичари.
Во 2018 Златната Мечка исто така беше изненадување затоа што му припадна на „Не ме допирај“ на Адина Пинтили, иако имаше просечна оценка од 1.5, и само два други филма имаа пониска оценка од него.
Одлуката наиде на жестоки критики. „Плиткиот, налудничав победник на Златната Мечка е катастрофа за фестивалот“, напиша Питер Брадшо од Гардијан. Неговата колешка од Тајм, Стефани Захарек, која беше дел од жирито минатата година, за ДВ објаснува дека иако го цени и почитува Бредшо како критичар, сепак, неговото мислење немало влијание врз нејзината одлука: „Веројатно не треба ни да се каже дека многу ми се допадна филмот и останувам на мојот избор. Тој е предизвикувачки и директен како ретко кој филм“, заклучува таа.
На церемонијата на доделувањето на наградите на Берлиналето в сабота, жирито би можело да одлучи дека филмот кој повеќето критичари го виделе како неинспиративна, здодевна катастрофа е всушност одбран за Златна Мечка. И тоа само дополнително ќе ја разгори дискусијата - а токму во тоа најмногу уживаат филмските критичари.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама