Белорусија: 10 дена во притвор за една песна | Теми | DW | 04.09.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Белорусија: 10 дена во притвор за една песна

Советот за безбедност на ОН денеска ќе одржи состанок за кризата во Белорусија на кој преку видео-врска ќе присуствува лидерката на опозицијата Светлана Тихановскаја. Таа по спорните избори на кои повторно победи долгогодишниот претседател Лукашенко поради страв во репресалии пребега во Литванија. Истото го сторија и бројни други опозиционери, меѓу нив и „диџеите за промени“ Влад и Кирил.

Гледај видео 01:30

Замислете, пуштате песна и ве ставаат во затвор. Неверојатно? Ова е реалност во Белорусија, земја што често се нарекува „последна диктатура во Европа“.  

Влад и Кирил во Белорусија ги нарекуваат диџеи за промени. На  6 август, три дена пред претседателските избори Влад и Кирил музички „упаднаа“ на еден провладин концерт. Тие ја пуштија песната „Чекаме промени“, неофицијална химна на движењето против долгогодишниот претседател Александар Лукашенко, кој на 9 август повторно извојува спорна победа на како што вели опозицијата „наместените“  избори.

Влад Соколовски се присетува: „Се прашуваме како можеме да се солидаризираме? На крајот сето се случи само по себе. Реков: ’Кирил, ајде да пуштиме песна’. А Кирил праша ’Која? Промени?’“ Кирил Галанов вели дека одлуката била очигледна и песната одекнала од звучниците на провладиниот концерт. 

Повеќе:

-Белоруската опозиција најавува масовни штрајкови против Лукашенко

-Тихановскаја за ДВ: Луѓето „сакаат нова Белорусија“

-Путин не може без Белорусија, но може без Лукашенко

Организаторите целосно го исклучиле звукот пред да заврши песната. Веднаш потоа диџеите беа уапсени и притворени десет дена за „хулиганство“. И станаа херои за многу Белоруси. 


„Не сместија во таканаречена казнена ќелија. Просторијата е голема 2 и пол метри на четири метри. Креветот беше прицврстен на ѕидот. Ќелијата ја отвораа само од 22 часот вечер до 6 часот наутро. Во пет дена лисиците ми ги извадија само двапати и едвај спиев. Беше влажно и студено“, раскажува Влад. 

Кирил дополнува дека за време на притворот им се заканувале со долгогодишна затворска казна. По ослободувањето, Влад и Кирил повторно биле сослушувани. Стравувајќи од натамошни репресалии, тие пребегаа во Литванија.

 
 

Прочитај го и ова