1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Litauen Vilnius Landung entführte Ryanair Machine
Фотографија: Mindaugas Kulbis/AP Photo/picture alliance

Двојни аршини на ЕУ за Рајанер и Моралес

Инес Ајзеле
27 мај 2021

ЕУ и НАТО се револтирани поради приземјувањето на авионот во Белорусија. ДВ проверува: Зошто немало таква реакција и во 2013 година, кога авионот на Моралес слета во Виена.

https://www.dw.com/mk/%D0%B1%D0%B5%D0%BB%D0%BE%D1%80%D1%83%D1%81%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B0%D1%81%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D1%87-%D0%B5%D1%83-%D1%80%D0%B0%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B5%D1%80-%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D0%BE%D0%BD-%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D1%81/a-57677948

Европската унија најави санкции против Белорусија, како и забрана за летови на авиони од таа земја во ЕУ. Членките на Унијата и на НАТО, исто така, бараат меѓународна истрага за присилното слетување на авионот на Рајанер на релација Атина-Вилнус во Минск, по што белоруските власти го уапсија новинарот Роман Протасевич.

Белоруските власти со помош на воен авион го принудија авионот на Рајанер да слета во Минск со оправдување дека имаат информации оти во авионот има подметната експлозивна направа од Хамас, што се покажа како неточно.

Дали постои сличен случај на овој?

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг го нарече случајот „државно киднапирање“, а претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен го нарече „напад врз демократијата“.

Русија, пак, го обвинува Западот за лицемерие и потсетува на случајот од 2013 година, кога авионот на тогашниот боливиски претседател Ево Моралас, на пат од Москва кон Боливија, непланирано слета во Австрија за да наполни гориво. Претходно, Франција, Шпанија и другите земји на ЕУ го блокираа својот воздушен простор запрелетот на авионот на Моралес.

-повеќе на темата: Инцидентот во Белорусија: Лукашенко е губитник, Путин - добитник

Причина за тоа, според информациите на САД, е што во авионот бил „свиркачот“ Едвард Сноуден, кого Вашингтон го обвини за велепредавство. Откако Сноуден не беше пронајден при претрес на авионот (што го одобри боливискиот претседател), авионот го продолжи летот кон Јужна Америка. Обединетите нации и Организацијата на американските држави го критикуваа случајот во тоа време, но ЕУ се воздржа од коментар.

Случаите на присилно слетување се ретки, објаснува Стивен Труксал, професор по воздухопловно право на Универзитетот Лајден во Холандија. До одреден степен можат да се споредат случаите со затворањето на воздушниот простор за авиони на одредени земји, како што беше случајот во 2017 година, кога неколку арапски земји блокираа авиони од Катар, обвинувајќи ја земјата за помагање на тероризам. Блокадата беше укината на почетокот на оваа година.

Кршење на договорот за воздушен сообраќај?

Во принцип, според Меѓународниот договор за цивилно воздухопловство од Чикаго, државите можат да наложат присилно слетување на авион, но тоа мора да биде оправдано со поголема опасност од самото присилно слетување.
„Според извештаите, авионот на Рајанер бил пресретнат од еден белоруски борбен авион. Секогаш е ризична ситуација кога два авиона летаат близу еден до друг“, вели професорот Труксал.

Belarus Minsk Prozess Roman Protasevich 2017
Роман Протасевич живеел во егзил до приведувањетоФотографија: REUTERS

Доколку опасноста од бомба се покаже како оправдување за присилното слетување и апсење на Протасевич, тоа би значело дека Белорусија навистина прекршила неколку меѓународни договори, како што е Договорот од Чикаго, но и Договорот од Монтреал, кој беше донесен за да спречат нелегални постапки против безбедноста на цивилното воздухопловство. Белорусија е исто така потписник на тој договор, но со забелешка дека, во случај на спор, не ја признава надлежноста на Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Случајот со авионот на боливискиот претседател Моралес не може да се спореди со сегашниот случај, бидејќи според експертите, „безбедноста на авионот не беше доведена во прашање во тоа време“. Авионот на Моралес доброволно слета во Виена за да наполни гориво откако беше принуден да го продолжи летот по заобиколен пат. „Тоа е разликата во споредба со слетување на некој авион поради наводна опасност од експлозивна направа“, велат експертите.

Сепак, земјите од ЕУ тогаш ја прекршија Конвенцијата од Чикаго, бидејќи на летовите што не се линиски, а авионот на Моралес не бил, не им треба дозвола за прелет. 

Разлики во третманот на двата случаи

Принудното слетување на авионот на Рајанер во Белорусија е само условно споредливо со непланираното слетување на авионот на Моралес во 2013 година во Виена. Но, во двата случаи, тоа може да биде кршење на меѓународните конвенции.
Но, реакцијата на Западот тогаш беше значително поинаква отколку денес. Кабинетот на канцеларката Ангела Меркел тогаш потврди дека во меѓународните контакти не се занимавале со прашањето за авионот на Моралес во Виена.

-повеќе на темата: Кој е Роман Протасевич?

Разликите во третманот на овие два случаи може да се поврзани со фактот дека во случајот со авионот на Рајанер станува збор за  ирска компанија што лета меѓу две земји на ЕУ кои припаѓаат на Шенген-зоната. И дека авионот бил полн со цивили, граѓани на ЕУ.

Во случајот со Белорусија е извршено и апсење, а во 2013 година, Сноуден не беше пронајден во авионот на Моралес. Но, што ако тогаш Сноуден навистина беше уапсен? Скандалот тогаш би бил поголем и земјите од ЕУ би биле принудени да реагираат посилно.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Македонија знаме

Македонскиот руски круг

Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница