Белград и Москва биле претркани од Цариград? | Северна Македонија | DW | 12.05.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Белград и Москва биле претркани од Цариград?

Одлуката на Вселенската патријаршија има димензии кои ја засегаат и Атина, коментира „Етнос“, посочувајќи дека некогашната Охридска архиепископија вклучувала митрополии кои стигале до градот Кожани

Oдлуката на Вселенската Патријаршија да ја врати Охридската Архиепископија во канонско единство со православниот свет, стана предмет на бројни дешифрирања за мотивите, кои и натаму повеќе доминираат во сферата на геополитиката. Паралелно со тоа, таа стана уште еден тег врз тасот на бугарското незадоволство. Во обидот да се истакне „штетата врз бугарскиот национален интерес“ вклучени се голем број историчари, а темата ја загреваат и медиумски наводи за околностите во кои таа одлука наводно била донесена.

Државната БТА го пренесува пишувањето на грчкиот весник „Етнос“ дека „Србија во соработка со Московската патријаршија планирала да ја признае автокефалноста на православната црква на Северна Македонија во мај, без учество на  Вселенската патријаршија“.  Весникот, кој се повикува на извори од Теолошкиот факултет на Универзитетот „Аристотел“ во Солун, пишува дека порака во таа насока испратил и српскиот патријарх Порфириј на средбата со американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, одржана на 7 мај. Порфириј пред американскиот дипломат ја истакнал важноста и улогата на Српската православна црква во земјата и регионот.

Грчкиот интерес

Ваквите наводи го наметнуваат заклучокот дека од таа средба произлегле сознанија за наводните намери на  СПЦ,  па „Етнос“ се навраќа и на неодмнешната нишка средба, како на катализатор за одлуката од 9-ти мај.

„Пред неколку дена во српскиот град Ниш имало средба меѓу претставници на Српската православна црква и на  Православната црква на Северна Македонија,  со учество на српскиот патријарх Порфириј. Според информацијата, Москва и Белград сакале да ја признаат автокефалноста на Православната црква на Северна Македонија и Вселенската патријаршија да биде ставена пред свршен чин“, го пренесува БТА текстот на „Етнос“.

Според наводите, средбата во Ниш го забрзала текот на настаните и довела до одлука на Вселенската патријаршија да ја извади македонската црква од изолација, признавајќи ја под името Охридска архиепископија, со што го задоволила барањето на Скопје од 2018 година.

Belgrad Saint Sava Kirche

Соборниот храм „Свети Сава“ во Белград

„Одлуката на  Вселенската патријаршија  има политички димензии кои ја засегаат и Атина“, коментира „Етнос“.

Весникот бележи дека за време на византискиот и поствизантискиот период сѐ до нејзиното официјално укинување во 1767 година, Охридската архиепископија вклучувала митрополии кои стигнувале до градот Кожани. Според „Етнос“, поради тоа во одлуката на Вселенската патријаршија од 9-ти мај било појаснето дека во јурисдикцијата на Охридската Архиепископија спаѓа само територијата во рамките на Република Северна Македонија. Се исклучува употребата на зборот „Македонија“ и секоја изведенка од него, и на тој начин Вселенската патријаршија се согласува со Договорот од Преспа.

„Позицијата на Белград по ова прашање сè уште е нејасна“, пишува грчкиот весник.

Мисија „Македонија“

Ставот се очекува евентуално на претстојниот Собор на СПЦ закажан за 15 мај. Од друга страна, додека и БПЦ официјално не се изјаснила, кај источната сосетка се гради наративот „Скопје ѝ ја украде на Бугарија и Бугарската Охридска архиепископија“.

Bulgarien Sofia | Blick über die Stadt & Alexander-Newski-Kathedrale

Соборниот храм „Свети Александар Невски“ во Софија

Иако црковното прашање формално не е во корпусот на спорни прашања меѓу двете земји, преку толкување на црковната историја се враќа на јавна сцена.

„Ако е конзистентна позицијата на Вселенската патријаршија, таму требаше многу јасно да биде наведено дека станува збор за средновековна бугарска црква (...) која секогаш е нарекувана ‘Црква на Охрид или на Лихнида како што е старото име на Охрид, и ‘На цела Бугарија’“, изјави за „Радио Фокус“, историчарот Пламен Павлов.

Тој вчера ја промовираше платформата Национален круг „За Македонија“, која беше најавена со декларација на први април годинава. Во неа се обединети историчари, новинари, општественици, лингвисти, актери.., а нивна цел е тврдо опстојување и одбрана на бугарската рамковна позиција по прашањето за членство на РСМ во ЕУ, позиција која беше изгласана и од 44-тото Народно Собрание.

„Не сме против соработка и дијалог, но тоа не може да биде на сметка на Бугарија и вистината“, порача Павлов, повторувајќи ја тезата дека во РСМ има бугарско мнозинство, а не малцинство.

Како што објави БТА, професорот Николај Овчаров предложил да се создаде мисија „Македонија“ и учесниците на платформата да го искористат својот потенцијал и знаење за да зборуваат на таа тема во европските земји. Европратеникот Ангел Џамбаски рекол дека веднаш може да почнат подготовките за средби со европските политичари - да се почне од Стразбур и Брисел, а потоа да се продолжи во други европски градови. Актерот Христо Мутафчиев предложил членовите на платформата да се обратат во пленарната сала на Европскиот парламент.