Белгискиот суд го ослободи Пуџдемон | Свет | DW | 06.11.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Белгискиот суд го ослободи Пуџдемон

Истражен судија во Белгија го пушти експремиерот на Каталонија, Карлес Пуџдемон, на условна слобода. Лидерот на сепаратистите не смее да ја напушти земјата.

Карлес Пуџдемон и четворица други уапсени поранешни каталонски министри биле сослушани вчера попладне од страна на истражен судија во Белгија, по што тој донесол одлука тие да бидат пуштени на условна слобода. Одлуката на судијата соодветствува на барањето на обвинителството. Со ослободувањето е поврзан условот сите петмина да останат во Белгија. Освен тоа, тие мора да наведат адреса на престој и да се јават на сите покани на судот и полицијата.

Белгиското правосудство сега има време од 15 дена да донесе одлука околу меѓународниот налог за апсење издаден од страна на Шпанија. Шпанскот правосудство ги товари каталонските политичари за бунт, немири и проневера на јавни финансиски средства. За кревање бунт во Шпанија следуваат до 30 години затвор, за немири - до 15 години. Сите петмина политичари вчера во придружба на адвокати се јавија во белгиски суд и изразија уверување дека правдата е на нивна страна. Белгиското правосудство, како што се вели, не познава кривично дело бунт и немир.

Пуџдемон претходно од непозната локација во Белгија упати повик до приврзаниците на идејата за независност на Каталонија да бидат единствени. Сите демократи мора да се обединат, напиша тој на Твитер. „За Каталонија, за слобода на политичките затвореници и за Република!“

Spanien Rajoy im Parlament (picture-alliance/dpa/P. White)

Според анкетите, ЕРЦ, ПДеЦАТ и ЦУП заедно би освоиле 66 до 69 од вкупно 135 места во каталонскиот парламент

Партијата на Пуџдемон, Каталонската европска демократска партија (ПДеЦАТ), во меѓувреме најави дека сака да го кандидира за свој врвен кандидат на изборите на 21 декември. Портпаролката на партијата, Мара Паскал, пред членовите на ПДеЦАТ изјави дека 54-годишниот Пуџдемон треба да ја предводи „големата офанзива“.

Според најновите истражувања на јавното мислење, просепаратистичките партии на изборите би можеле да добијат најголем број гласови, но за малку нема да освојат мнозинство гласови кое е неопходно за продолжување на напорите за независност на Каталонија. Анкетата направена по налог на весникот „Ла Вангуардиа“ покажува дека ЕРЦ, ПДеЦАТ и ЦУП заедно би освоиле 66 до 69 од вкупно 135 места во каталонскиот парламент. Сличен е резултатот и од анкетата спроведена по налог на конзервативниот весник „Ла Расон“.

DW.COM

Реклама