Безредија на корона-протестите во Италија | Свет | DW | 27.10.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Безредија на корона-протестите во Италија

Во Италија не запираат насилните протести против мерките за сузбивање на пандемијата на коронавирусот.

Во повеќе градови во Италија демонстрираа илјадници граѓани. Тие се незадоволни од заострувањето на мерките за сузбивање на пандемијата на коронавирус. Во Милано противниците на мерките палеа контејнери и ја напаѓаа полицијата со шишиња и други предмети. Полицијата употреби солзавец против група млади демонстранти кои се однесуваа насилно.

Слични сцени имаше и во Торино и Неапол. Насилство на протестите во Неапол имаше и во петокот вечерта, а така беше и на протестите во Рим во саботата.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте во неделата најави нови заострени мерки против ширењето на коронавирусот. Во период од еден месец затворени остануваат кината, театрите, фитнес студијата, но и базените, скијачките центри и концертните хали. Рестораните и баровите смеат да работат до 18 часот.

Повеќе:

Коронавирус: Италија пркоси на втор бран

Коронавирусот во Италија: По кризата следи прашањето - кој е виновен?

Во текот на првиот бран на пандемијата на коронавирусот Италија беше една од најтешко погодените земји во светот. Таму беа инфицирани 540.000 луѓе. Од или со Ковид-19 досега во Италија починаа повеќе од 37.000 луѓе.

Реклама