Безредија и министерства во пламен во Бразилија | Свет | DW | 25.05.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Безредија и министерства во пламен во Бразилија

За време на демонстрациите против владата во Бразил, во главниот град Бразилија дојде до тешки безредија.

Демонстрациите против за корупција осомничениот шеф на државата, Мишел Темер најнапред се одвиваа мирно, сѐ додека учесниците во протестот не ги пробија блокадите во владиниот кварт во Бразилија. Во објектите на три министерства беше подметнат пожар, а повеќе канцеларии беа целосно опустошени. Повеќе министерства во бразилската престолнина морале да бидат евакуирани.

Специјалните полициски сили употребија чадни бомби, солзавец и гумени куршуми против демонстрантите. Вечерта претседателот Мишел Темер ѝ нареди на војската за најмалку една недела да го преземе обезбедувањето на владиниот кварт во Бразилија. Политичари од опозицијата, но и поддржувачи на владата упатија остра критика поради ваквата невообичаена мерка.

Гледај видео 00:43

Хаос во Бразилија

Демонстрантите бараа оставка на претседателот Темер и нови избори. Покрај тоа протестот беше насочен против политичката на штедење на владата. Во моментов бразилскиот Конгрес дебатира за реформа на законите за работни односи, која овозможува продолжување на работните времиња и отежнување на работата на синдикатите. Реформата на пензискиот систем пак предвидува продолжување на работниот век и ограничување на висината на пензиите. На протестите во Бразилија, според наводите на градските власти, имало околу 35 илјади луѓе. Демонстрации против владата имаше и во Рио де Жанеиро.

Krise in Brasilien Michel Temer

Претседателот на Бразил, Мишел Темер

Претседателот Темер се наоѓа под силен притисок, откако во минатата недела беше објавен аудио снимка во која тој се согласува на  негов партиски колега, кој се наоѓа во затвор поради корупција, да бите потплатен за да молчи. Главни сведоци го обвинуваат Темер и други водечки членови на владејачката коалиција дека примиле милионски поткуп. Десничарот Мишел Темер дојде на власт во минатата година по спорното отповикување од функцијата на дотогашната претседателка на Бразил, Дилма Русеф. Сега опозицијата бара негова оставка и веќе има поднесено повеќе барања за негов импичмент.

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама