Бегалците најдоа противоружје за грчкиот солзавец: џиновски вентилатори | Свет | DW | 12.03.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Бегалците најдоа противоружје за грчкиот солзавец: џиновски вентилатори

Грчките безбедносни сили кои се обидуваат да ги спречат мигрантите да ја преминат границата од Турција се соочија со нова одбрана од солзавецот кој го фрлаат: џиновски вентилатори.

Вентилатори монтирани на возила беа донесени од мигрантите на граничниот премин Кастаниес меѓу Турција и Грција каде траат жестоки судири на грчките безбедносни сили и мигрантите од крајот на минатиот месец.
Насилството започна откако турската влада соопшти дека повеќе нема да ги задржува мигрантите кои сакаат преку Грција да се упатат кон земјите на ЕУ. Атина ги обвинува турските власти дека активно им помагаат на мигрантите во нивните обиди насилно да ја минат границата, меѓудругото, и со напади со солзавец врз грчките сили. И грчките сили редовно употребуваат солзавец за да ги спречат мигрантите.

Но од денеска се соочија со една новина- огромни турбини кои го враќаат чадот од солзавецот на другата страна. Грчките воени претставници велат дека такви турбини вообичаено се користат при тренинг на падобранци. 

Од почетокот на кризата грчките сили спречиле 45 илјади обиди за илегално преминување на границата. Само денеска (12.03) имало 500 обиди за премин од страна на мигранти кои притоа фрлале и молотови коктели и бензински бомби врз пограничните сили.

Гледај видео 01:38

Сѐ повеќе бегалци на границата, сѐ поголеми тензии

Денеска ЕУ најави план со кој ќе им нуди по две илјади евра на мигрантите кои пристигнале во Грција пред 1 јануари за доброволно да се вратат дома. Понудата во најголем дел се однесува на околу 42 илјади мигранти на грчките острови и уште околу 10 илјади во континенталниот дел. Седум ЕУ држави во меѓувреме се понудија да преземат околу 1.600 деца кои со месеци се наоѓаат во камповите во Грција.

 

Поврзана содржина

Реклама