Бегалците - жртви на насилство на Балканската рута | Свет | DW | 06.04.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бегалците - жртви на насилство на Балканската рута

Бегалците на Балканската рута се изложени на насилство и злоставување, покажува извештај презентиран денеска во Берлин.

Во извештајот со наслов „Опасна игра“, организациите за човекови права Оксфам, Белградски центар за човекови права и Македонско здружение на млади правници, констатираат дека бегалците на Балканската рута биле тепани, ограбувани и нечовечки третирани. Освен тоа, тие немале ниту пристап до фер постапка за азил. Во повеќе случаи е констатирано „илегално групно протерување“. Покрај тоа, како што се вели во извештајот, полицајците во Унгарија ги принудувале бегалците да се соблечат голи и да седат на снег. Притоа, полицајците ги полевале бегалците со студена вода. Цел на злоставување биле и деца бегалци.

Со истражувањето на трите организации за човекови права биле опфатени 140 бегалци, кои барале засолниште во Македонија и Србија.

„Луѓето кои во своите татковини често се изложени на неверојатно насилство, сега мора и овде во Европа да искусуваат брутално насилство“, критикува референтот за кризи и конфликти на Оксфам Германија, Роберт Линднер. Тоа е шокантно и срамно, вели тој.

Трите организации бараат од владите во Македонија, Србија, Хрватска, Унгарија и Бугарија да стават крај на повредите на правата на луѓето кои бараат заштита. Тие мора да обезбедат правно гонење на извршителите на кривични дела. И ЕУ би морала да се погрижи да се почитуваат обврските во делот на човековите права и стандардите во Европа.

DW.COM

Реклама