Бегалска драма во Средоземјето | Свет | DW | 24.03.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бегалска драма во Средоземјето

По пронаоѓањето на два превртени гумени чамци пред либискиот брег, се стравува дека во Средоземното Море се удавиле околу 250 бегалци.

Гумените чамци се пронајдени на околу 25 километри оддалеченост од либискиот брег, соопшти портпаролката на шпанската хуманитарна организација „Проактива Отворени Раце“, Лаура Ланоза. Организацијата смета дека во чамци седеле околу 250 бегалци од Африка и дека најверојатно сите се удавиле. „Не веруваме дека може да има друго објаснување, освен дека гумените чамци биле полни со луѓе“, рече Ланоза. Вообичаено во ваков тип чамци се пренесуваат по околу 120 до 140 мигранти. Од водата досега се извадени пет тела.

Момчиња од Африка

Удавените, според првичните сознанија, се момчиња од Африка, на возраст меѓу 16 и 25 години. Во моментот кога биле пронајдени телата, момчињата биле мртви околу 24 часа.

Во Средоземното Море постојано има несреќи со бегалски бродови кои не се соодветни за пловење на долги релации. Бродовите, освен тоа, речиси секогаш се преполни. Од неделата до сега спасувачките екипи фатија повеќе од 5000 луѓе кои тргнале од Африка за Европа по опасниот морски пат. Од почетокот на годинава на овој начин до Европа стигнале повеќе од 21.000 луѓе.

Шпанската хуманитарна организација претпоставува дека во моментов, и покрај неповолните временски услови, многу бегалци се обидуваат да пребегаат преку море. Тие сакаат по секоја цена да избегаат од тешките животни услови во Либија. Освен тоа, мигрантите стравуваат дека бегалската рута преку Средоземното Море би можела да биде блокирана.

Реклама