Бајката за незаштитениот корисник | Информации и анализи за Германија | DW | 05.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Бајката за незаштитениот корисник

Хакерскиот напад на податоци од политичари покажува дека заштитата на тајни податоци е трка меѓу напаѓачите и нападнатите. Сепак крајните корисници не се без заштита, смета Константин Клајн.

Повторно си ги гледаат сликите со кои медиумите ги поткрепуваат нивните вести за актуелниот хакерски напад. Анонимни и веројатно небањати мажи кои често носат тренерки со качулки во лошо осветлени простории пред магично блескави екрани полни со неразбирливи знаци. Тоа се виновниците за проток на податоци и кражба на информации, а ние сме им ставени на тацна. Извинете ама, тие не се тоа, и ние не сме ова. Одамна си имаме работа со индустрија за шпионажа на податоци, а не само занимација во непроветрени подрумски простории. Слабите точки во светот на податоците систематски се бараат, детално се анализираат и се злоупотребуваат без скрупули. Една од слабите точки и при тоа не е најмалата, седи на пола метар од екранот, тоа е корисникот, оној кој подоцна се жали дека податоците му се наоѓаат онаму каде што не би требало да бидат.

Заштитата на златото на 21 век (за оние што не разбираат, тоа се податоците) е постојана трка меѓу нападнати и напаѓачи. Што се однесува до техниката некогаш едните, друг пат другите се во предност, но генерално и на двете страни им се познати слабите и силните страни на технологијата. Кога сепак ќе се случи доверливи, лични или комплетно приватни податоци да бидат обелоденети, често пати причината е тоа што нападнатите не се доволно информирани да си ги заштитат истите или примената на таквите можности им е премногу мачна. При тоа воопшто не е тешко да се штитат податоците. Наједоноставен начин е да се продуцираат што помалку податоци. Во 21 век со мобилниот во џеб кој е постојано онлајн тоа е идеалистичка замисла. Но, се работи за чекор во вистинскиот правец, податоците да се доверат само некому кој експлицитно сака да ги заштити и тоа може да го потврди на докажлив начин.

Kommentarbild Klein Konstantin

Константин Клајн, автор на коментарот

Заштитата почнува со сопственото однесување

Да се запомни дека податоците не треба да се складираат во „клауд“ кој е наједоставен за ракување туку кај понудувач кој се држи до европските правила за заштита на податоци. Само податоците кои сакаш да ги споделиш со баба или стрина, на пример, слики од фамилијата, слики од одмори или од домашните миленичиња може да ги оставате без заштита. Сите други заштитете ги. Затоа во меѓувреме дури и самите „клауд“ фирми нудат дополнителни можности, како на пример, дополнителен пасворд.

Повеќе:

-И Меркел била цел на хакерските напади

-Хакери им ги читале депешите на ЕУ-дипломати

-Франција: Хакери украле податоци за нуклеарни централи

За сигурна комуникација во иднна подобро е да користите услуги на Сигнал Или Треема, наместо електронска пошта. Фејсбук и Ватсап групи не се безбедни како што може да ви потврдат екстремистички групи чии онлајн активности сега ги разгледува јавното обвинителство. Конечно би требало да се елиминира најлесно злоупотребената слаба точка, а тоа е сопствената наивност. Колку и да изгледа безбедна електронската пошта, на неочекувани мејлови или пак прикачени додатоци разумниот човек никогаш не кликнува.

Да се учи од експертите

Тоа што во некои компании вработените во ИТ секторот блокираат користење на одредени услуги или страни не е зашто луѓето се расипувачи на забави, туку зашто тие се информирани за потенцијални ризици и сакаат да спречат загрозување на податоците на компанијата. И кога понудата за четување на некој овозможувач на "клауд” услуги е поедноставна за ракување од интерното решение на копманијата, сепак не треба да се користи за споделување на копманиски податоци. Истото важи и за политичари.

Од експертите може да се научи по нешто и за приватниот однос спрема податоците. Сето ова не е ново, па сепак постојано се случува да бидат обелеоденети лични податоци што покажува дека темата ни во 2019 година се уште не се сфаќа доволно сериозно.

 

DW.COM

Реклама