Бајден сака да го продолжи договорот Нов Старт со Русија | Свет | DW | 22.01.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Бајден сака да го продолжи договорот Нов Старт со Русија

Неизвесноста околу последниот голем договор за нуклеарно разоружување наскоро може да заврши. Само што почна со работа претседателот Бајден, САД и Русија тргнаа во насока на продолжување на договорот за пет години.

Russland Moskau | US Vizepräsident Joe Biden und Wladimir Putin

Партнери во преговори уште во времето кога Бајден беше потпретседател на САД: Бајден и Путин во Москва, 2011 година

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, изјави дека американскиот претседател Џо Бајден стреми кон продолжување на договорот со Русија за намалување на стратешко оружје. Продолжување на договорот за пет години „има уште повеќе смисла во услови кога односите со Русија се непријателски, како во моментов“, додаде Псаки.

Пентагон соопшти дека одлуката на Бајден да се направат напори за продолжување на договорот е во полза на одбрана на земјата. Американците, како што се вели, би биле многу побезбедни доколку договорот остане нечепнат и продолжен. Не може да си дозволиме да ги загубиме инструментите за инспекција и обврските за пријавување содржани во договорот, се нагласува од американското Министерство за одбрана и се додава дека двете страни, со продолжение на договорот до 2026 година, би имале доволно време да сондираат нови договор за контрола на вооружувањето.

USA Washington | Pressesprecherin Jen Psaki

Џен Псаки: Американскиот претседател Џо Бајден стреми кон продолжување на договорот со Русија за намалување на стратешко оружје

Според актуелната состојба, договорот би истекол на 5 февруари. Во средата, непосредно по инаугурацијата на Бајден, руското Министерство за надворешни работи предложило продолжување на договорот за пет години без предуслови.

Договорот Нов Старт стапи во сила на 5 февруари 2011 година и со него се ограничува нуклеарниот арсенал на Русија и на САД на 800 системи-носачи и 1550 атомски боеви глави подготвени за активирање. Договорот прво беше склучен за период од 10 години, со можност за продолжување.

Повеќе:

Се заканува ли трка во вооружување?

Договорот ИНФ е минато: Што понатаму?

СИПРИ: „Атомското оружје станува поважно“

Владата на Доналд Трамп, и покрај повеќемесечните жилави преговори, не можеше да постигне договор со Москва за продолжување. Од руското Министерство за одбрана беше речено дека преговарачката линија на Трамп била агресивна и контрапродуктивна. Американските медиуми информираа дека камен на сопнување било инсистирањето на САД за „замрзнување“ на бројот на сите атомски боеви глави. Во сегашниот договор е само ограничен бројот на атомски боеви глави подготвени за активирање.

Доколку договорот истече без продолжување, првпат по долго време нема да има договор кој ги ограничува резервите на стратешко атомско оружје. Русија и САД заедно поседуваат околу 90% од вкупното нуклеарно оружје во светот.

Реклама