Фотографија на денот: Бајден и Путин - ниту пријатели ниту непријатели | Свет | DW | 17.06.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Бајден и Путин - ниту пријатели ниту непријатели

Почна со кратко ракување, потоа Бајден и Путин договорија разговори за контрола на вооружувањето, а во двете земји треба да се вратат и амбасадорите. Почеток на деескалација?

По многу меѓусебни непријателски гестови и обвинувања, американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин од својот прв самит во Женева испратија претпазливи сигнали за деескалација. На одвоени прес-конференции двајцата лидери оценија дека атмосферата била позитивна. Имало разлики во мислењата, но тие не биле претерано нагласени во разговорите, рече Бајден. Путин, пак, зборуваше за конструктивна и прагматична средба. Разговорите не биле пријателски, но немало ниту непријателства.

Во заедничката декларација по самитот двете страни нагласуваат дека средбата покажала оти САД и Русија и во фази на тензии можат да постигнат напредок во врска со заедничките цели. Конкретно е договорен почеток на стратешки дијалог за контрола на вооружувањето, со кој би требало да се создаде основа за идни мерки за разоружување. Освен тоа, амбасадорите на двете земји кои беа повлечени на почетокот на годинава, повторно ќе се вратат во Москва и Вашингтон.

Самитот на Бајден и Путин траеше пократко од очекуваното, односно околу три часа. Бајден објасни дека во првите два часа од разговорите со Путин навлегле толку многу во детали, што потребата од разговори во поширока рунда била помала.