Бајден го менува курсот на САД - потпиша 17 декрети | Свет | DW | 21.01.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Бајден го менува курсот на САД - потпиша 17 декрети

Новиот американски претседател Џо Бајден само шест часа по полагањето заклетва, ги потпиша првите декрети.

Првиот декрет на кој стави потпис демократот Џо Бајден, според негови информации, е обврската за носење маски во сојузните институции. Со тоа е означен пресврт во борбата против пандемијата на коронавирусот. Освен тоа, почнува и процесот за враќање на САД кон Парискиот договор за климата, изјави Бајден во Белата куќа. „Егзекутивните декрети ќе го променат текот на клима-кризата“, рече тој.

Повеќе:

Џо Бајден стана 46. претседател на САД: „Демократијата преовлада“

Што може Европа да очекува од Џо Бајден?

Нов почеток на трансатлантските односи со Бајден?

Бајден прогласи и мораториум на приклучоци за нафта и гас во заштитено подрачје во Алјаска и укина централна дозвола за нафтоводот Keystone-XL од Канада.

Дел од првите потпишани декрети од страна на новиот американски претседател е и укинувањето на забраната за влез во САД од одредени, претежно муслимански држави. Исто така, Бајден нареди и запирање на изградбата на ѕидот кон Мексико.

На адреса на американскиот претседател поради потпишаните декрети веќе почнаа да стигнуваат и првите критики. Канадската амбасадорка во САД Кирстен Хилман за телевизијата ЦТВ изјави дека нејзината земја е „многу разочарана“ од одлуката за нафтоводот. Гувернерот на Алјаска, Мајк Денливај, пак, искажа незадоволство од мораториумот за енергија. Новиот претседател „се чини го спроведува ветувањето да ја претвори Алјаска во голем национален парк“, изјави тој.

Реклама