Бастионот на Исламска држава целосно опколен | Свет | DW | 30.06.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бастионот на Исламска држава целосно опколен

Рака-главното упориште на терористичката милиција Исламска држава во Сирија, според совпаѓачки наводи од противниците на ИД е целосно опколено. Џихадистите возвратија со самоубиствени напади.

Борците на Сириските демократски сили (СДФ) целосно ги опколија милитантите од Исламска држава во сирискиот град Рака. Од СДФ соопштија дека ја блокирале рутата за бегство на исламистичките милитанти кон југ. Припадниците на СДФ зазедоа две села на јужниот брег на реката Еуфрат, кои припадниците на ИД ги користеа за повлекување од Рака, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права а информацијата ја потврдија и извори на курдските сили кои истотака кај Рака се борат против Исламска држава.

Со тоа обиколените џихадисти останаа заробени во тој град, кој се смета де факто за главен град на терористичката организација.

Припадниците на ИД, меѓутоа, возвратија со контранапад во рамките на кој се изведени неколку самоубиствени напади. Според курдски извори во Рака, која Исламска држава ја контролира од 2014 година,  се наоѓаат уште околу 4000 борци на ИД. 

Борците на СДФ од ноември наваму постепено напредуваа во ослободувањето на градот, а од 6 јуни започнаа општа офанзива. СДФ е арапско-курдска алијанса формирана во 2015 година и под водство на САД.

Во ноември минатата година таа  започна операција за ослободување на градот. Од оваа коалиција соопштија дека ослободувањето на Рака ќе му зададе „одлучувачки удар“ на калифатот.

 

Реклама