Барселона и ПСЖ на чекор до четвртфиналето | Теми | DW | 19.02.2014
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Барселона и ПСЖ на чекор до четвртфиналето

Екипите на Барселона и Пари Сен Жермен со една нога се во четвртфиналето во Лигата на шампионите, откако во првите осминафинални натпревари забележаа гостински победи во Манчестер односно Леверкузен.

Барселона нагости го совлада Манчестер Сити со 2:0, со головите на Меси од пенал и Дани Алвеш, додека ПСЖ во Леверкузен го декласира Бајер со 4:0. Два гола постигна Ибрахимовиќ, а по еднаш голманот на Бајер го совладаа Матуиди и Кабај.

Играчите на Пари Сен Жермен совршено го отворија мечот во Леверкузен, по само 180 секунди игра прекрасното додавање на Верати Матуиди го претвори во гол. Во финишот на полувремето на сцена стапи Ибрахимовиќ, тој најпрвин реализираше пенал, а потоа со брилијантен удар од 18 метри го совлада Лено и веројатно го реши прашањето околу четвртфиналистот од овој двомеч.

Барселона го отвори резултот од дискутабилно досуден пенал, по прекршок кој беше направен надвор од шеснаесетникот, а Мартин Демикелис доби црвен картон. Конечниот резултат Дани Алвеш во 90. минута од мечот.

Вечерва европскиот првак Бајерн Минхен гостува во Лондон кај Арсенал, додека Милан е домаќин на Атлетико Мадрид. Преостанатите четири натпревари од осминафиналето во ЛШ се играат на 25 и 26 февруари.