Барселона: Илјадници луѓе протестираат за единствена Шпанија | Свет | DW | 29.10.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Барселона: Илјадници луѓе протестираат за единствена Шпанија

Илјадници луѓе во Барселона денеска излегоа на протести за единствена Шпанија.

Демонстрантите во Барселона извикуваат „Да живее Шпанија“, „Јас сум Шпанец“ и „Барселона и’ припаѓа на Шпанија“. Тие бараат и апсење на разрешениот регионален претседателКарлес Пуџдемон.

На протести под мотото „Ние сите сме Каталонија“ повика прошпанската организација Сосиедад Сивил Каталана (СЦЦ). Во соопштение СЦЦ најави дека ќе работи на помирување на унионистите и сепаратистите, односно на мирен соживот во регионот на североистокот на Шпанија.

Мадрид во саботата воведе принудна управа во Каталонија, откако регионалниот парламент во Барселона во петокот прогласи независност. Нови избори се закажани за 21 декември. Шпанскиот премиер Маријано Рахој во меѓувреме ја ополномошти својата заменичка Сораја Саенц де Сантамариа да ги преземе задачите во регионот.

По налог на весникот „Ел Мундо“ е направено истражување на јавното мислење, кое покажува дека на изборите во Каталонија во декември сепаратистите би можеле тесно да загубат. Имено, од истражувањето спроведено на илјада испитаници во периодот од понеделникот до четвртокот, произлегува дека за сепаратистите би гласале 42,5% избирачи, додека за противниците на независноста својот глас би го дале 43,4% избирачи.

 

DW.COM

Реклама