1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бан Ки Мун најави личен ангажман во спорот за името

ЖА/ МЈ/ макфакс/миа 25 јули 2012

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун, кој е во посета на Македонија, по разговорот со претседателот Иванов изрази подготвеност лично да се ангажира за надминување на дологогодишниот спор околу името.

https://p.dw.com/p/15eGz
Фотографија: MIA

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун по средбата со македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов утрово во Охрид, изрази подготвеност да помогне за надминување во спорот за името. Тој изрази подготвеност за проблемот и лично да разговара со грчкиот премиер Андонис Самарас. Според него жално е што спорот за името го спречува севкупниот развој на односите меѓу двете земји.

Ban Ki-moon press - MP3-Stereo

„Ќе вложиме максимални напори да разговараме со грчките власти. Веднаш по посетата, ќе го испратам својот специјален претставник Метју Нимиц во Грција, за да објасни што разговаравме овде. Јас лично ќе се обидам да го исконтактирам премиерот Самарас за да помогнам во забрзувањето на тој процес. Жално е што две соседни земји не успеаја целосно да ги искористат своите потенцијали за регионална соработка, помирување и развој. ОН ќе сторат се’ што е во нивна моќ да го олеснат тој процес. Се работи за долготраен проблем. Свесни за пресудата на Меѓународниот суд на правдата, ќе ги земеме предвид сите аспекти“, рече Бан Ки Мун на прес-конференцијата во Охрид.

Претседателот Иванов од своја страна побара од Бан Светската организација да ја има во предвид пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг и Грција да ја почитува времената спогодба. Во тој контекст порача дека треба да се водат разговори во предвидената рамка, а не за прашања, за кои, како што рече, никој не би разговарал на оваа планета.

Ban Ki-moon in Mazedonien
Иванов рече дека за некои прашања никој на оваа планета нема да преговараФотографија: MIA

„Побарав во контактите што ќе ги има со грчката страна да побара да се почитува она што е меѓународно право, да се почитува пресудата од Хаг, бидејќи тоа е најавторитетна правна институција во светот. Што ќе стане ако не ги почитуваме пресудите на тој суд. Побарав Грција да се држи кон рамката предвидена со резолуциите на ОН и до Времената спогодба. Добив уверувања дека Генералниот секретар во прва прилика ќе разговара за овие прашања и ќе побара од новата грчка влада да го почитува она што доброволно го презела како обврска“, изјави Иванов.

Генералниот секретар на ОН во Скопје ќе се сретне со македонскиот премиер Никола Груевски и со претседателот на парламентот Трајко Вељаноски, а ќе има и обраќање пред пратениците.