Балоните кои го разбеснуваат Ким | Теми | DW | 26.06.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Балоните кои го разбеснуваат Ким

Двете Кореи ја одбележаа 70 годишнината од крајот на Корејската војна. Тензиите меѓу двата херметички изолирани соседи се големи и 7 децении потоа. Провокациите и инцидентите се редовна појава, меѓу нив и јужнокорејските балони со летоци против комунистичките власти во Пјонгјанг.

Гледај видео 01:10

Јужнокорејски активисти непосредно пред јубилејот од крајот на Корејската војна - 25 јуни- испратија илјадници летоци преку границата со Северна Кореја, со помош на балони специјално направени за таа намена.

Активистот Парк Санг-Хак рече дека неговата група преку границата испратила 20 балони со 500.000 летоци, 2.000 банкноти од еден долар и книги од мал формат за Северна Кореја. Парк по потекло е од Северна, но пребегал во Јужна Кореја. Како што објаснува, летоците се борба за правдина и за ослободување на Севернокорејците.

Südkorea Park Sang-hak Luftballon-Aktivist

Активистото Парк Санг-Хак

Тој го осуди „варварското“ владеење на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, за кој вели дека е „зло“. 

Повеќе:

-Ким Јо Јонг - малата сестра на диктаторот на пат до власт

-Голема провокација на Пјонгјанг

-Ким Јонг Ун се појави во јавност

Тензиите на Корејскиот полуостров нагло се зголемија во минатата недела кога Северна Кореја ја крена во воздух меѓукорејската канцеларија за врски на своја територија, од бес дека Јужна Кореја испраќа летоци против неа.

И последното испраќање на балони,  се очекува да донесе зголемување на тензиите на границата меѓу двете Кореи.  Северна Кореја соопшти оти ќе одговори на испраќањето летоци, со упатување свои пораки и со преземање други чекори кои се поврзани со договорот од 2018 година за намалување на тензиите на границата.

Поради сето ова официјален Сеул најави дека ќе го забрани испраќањето на спорните балони со летоци преку границата. 

Двете Кореи официјално и натаму се во војна, бидејќи примирјето со кој му беше ставен крај на конфликтот сè уште не е заменет со вистински мировен договор.
Милиони луѓе беа убиени, исчезнати или повредени во Корејската војна, а голем дел од полуостровот беше уништен.