Балкан: Најлошиот воздух во светот | Свет | DW | 21.01.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Балкан: Најлошиот воздух во светот

Балканот е во Лигата на шампионите кога се работи за лошиот квалитет на воздухот, пишува во анализа весникот Франкфуртер алгемајне цајтунг. ЕУ ќе мора да помогне за надминување на проблемот.

Секоја зима многу градови во регионот на Југоисточна Европа одново тонат во густа, валкана магла. Меѓусебните обвинувања и дебатите траат додека трае и зимата. Потоа доаѓа пролетта и заедно со смогот исчезнува и дебатата на оваа тема, пишува Франкфуртер алгемајне цајтунг во текстот со наслов „Најзагадениот воздух во Европа“.
„Годинава, кавгата околу загадениот воздух е особено остра затоа што некои главни градови во регионот можат да се пофалат со големи рекорди. Нивните жители оваа зима во нивните бели дробови неколку пати го внесуваа најзагадениот воздух во светот. Дури и во градови како Пекинг и Делхи, кои не се баш познати како воздушни бањи, се диши послободно“, пишува ФАЦ

„(...) Сезоната годинава ја отвори Белград кој во последната недела од октомври 2019 се најде во топ 5 најзагадени градови во светот. На 14 јануари Сараево му го презеде приматот откако се искачи на прво место. Зад него ’се пласираа’ Дака, Ханој и Делхи. Работата стигна дотаму што дури и Амбасадата на Шведска во Сараево, чии дипломати и покрај дипломатскиот статус исто така мораат да го дишат истиот воздух, јавно ја повика владата да преземе мерки“.

Гледај видео 02:52

Електровелосипед кој прочистува воздух

За лошиот квалитет на воздухот има повеќе фактори, наведува натаму ФАЦ, цитирајќи ја притоа студијата која ја изработија финскиот Метеоролошки институт и македонското Министерство за животна средина пред три години. Иако студијата се однесува само на Северна Македонија, според авторот, нејзините заклучоци важат за целиот регион.

„Еден од причинителите на лошиот зимски воздух се големиот број на автомобили, камиони и автобуси без соодветни технички прегледи.
(...) До пред неколку години, речиси половината од сите возила во Северна Македонија емитуваа високи емисии на штетни материи. Меѓу 10 и 18 отсто од сите возила немаат никаков заштитен издувен филтер. Нештата полека се менуваат, но во многу градови во Југоисточна Европа се уште можат да се видат возила кои во многу земји на ЕУ би биле отстранети од сообраќајот.“ Но за растот на бројот на возила на Балканот во голема мерка е виновен и лошиот јавен превоз, наведува натаму германскиот весник.

„Секој од периферијата што сака да дојде до своето работно место не може да се откаже од својот автомобил затоа што јавниот превоз во многу градови во регионот е еден лош виц. Стари, валкани, преполни автобуси се огледалото на урбаниот јавен превоз на Балканот. Особено критична е состојбата во Белград, најголемиот град во Европа без подземна железница.“

„Но не е се до старите автомобили. Во Белград, Сараево или Скопје многумина се уште се греат на дрво или јаглен. Во 2015 година во Северна Македонија 62 отсто од домаќинствата се грееле на дрва. Во сиромашните ромски квартови се гори и ѓубре. Особено во предградијата на балканските градови во зима можат да се забележат илјадници оџаци кои во воздухот исфрлаат отрови. Цели населби воопшто не се приклучени на централно греење.“

„Државите од Западниот Балкан имаат само ограничен пристап до фондовите на ЕУ преку кои може да се модернизира инфраструктурата која ќе придонесе за подобар воздух. Сега се најавуваат забрани за возила кои не ги исполнуваат нормите на ЕУ. Но овие држави немаат средства за неопходни инвестиции во железничка мрежа, за подобрување на јавниот превоз или за централното греење. Со други зборови: Доколку ЕУ сака чист воздух во своето балканско соседство, ќе мора да помогне“, заклучува ФАЦ

Гледај видео 15:26

Аерозагадување - новиот симбол на Балканот

DW.COM

Реклама