Заев во Виена: Имаме поддршка и јасна перспектива на ЕУ за Западен Балкан | Информации и анализи за Балкан | DW | 18.06.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Балкан

Заев во Виена: Имаме поддршка и јасна перспектива на ЕУ за Западен Балкан

Австрискиот канцелар Себастијан Курц, во изјава за медиумите од регионот рече дека неговата цел е да го врати Западен Балкан на високо место на агендата на ЕУ.

„Европската унија сѐ повеќе ја препознава важноста Западен Балкан да биде дел од иднината на Европа. Затоа да ја направиме заеднички 2021 година како година за паметење, година во која ќе биде направен силен исчекор напред, бидејќи Западен Балкан е нераскинлив дел од Европската унија“, порача премиерот Зоран Заев од Виена, каде што присуствува на Самитот за Западен Балкан, на покана на австрискиот канцелар Себастијан Курц.

-повеќе на темата: Германија и Франција „цврсто посветени“ на европската перспектива на Западниот Балкан

Според Заев, евроинтеграциите не се трка на кратки патеки, туку маратон со крајна цел – европеизирање на земјата. „Мандатот добиен од граѓаните ја вклучува и таа цел и додека не ја постигнеме – нема да запреме“, заклучи Заев на пленарната сесија, дел од Самитот за Западен Балкан кој се одржува во Виена, Австрија.

Во изјава за медиумите тој ги повтори истите ставови, заблагодарувајќи се на канцеларот Курц за лидерството со кое се бори за интеграцијата на Западен Балкан и за менаџирањето на доставата на вакцините во регионот.

„Сѐ додека постојат вакви лидерства посветени на интеграциите, европската идеја нема да може да биде сериозно загрозена, а европската перспектива секогаш ќе биде победник над евроскептицизмот. Денешната панел дискусија во Виена уште еднаш покажува дека иднината на Европа е со Западен Балкан, а иднината на Западниот Балкан е со Европа“, порача Заев.

Поддршка

Во изјавата за медиумите тој наведе дека во Виена доаѓа директно од Софија каде што вчера имаше средби со тамошниот државен врв во обид да се надминат споровите со цел да се ослободи патот на Северна Македонија кон ЕУ.

Bulgarien | Treffen mazedonischer Premierminister Zoran Zaev mit Amtskollege Stefan Yanev in Sofia

„Македонско – бугарскиот дијалог е повторно на сила“, рече Заев, барајќи поддршка од сите на патот кон ЕУ

„Македонско – бугарскиот дијалог е повторно на сила“, рече Заев, барајќи поддршка од сите на патот кон ЕУ. „Имаме солидна политичка поддршка за политиката на проширување и јасна перспектива на ЕУ за Западен Балкан“, додаде Заев, потенцирајќи дека сега е многу важно политичките гласови за вредностите на обединета Европа да бидат многу погласни.

-повеќе на темата: Заев и Јанев гледаат прозорец на можности за решавање на спорот

Македонскиот премиер во рамки на Самитот, учествуваше на пленарен состанок заедно со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ и премиерите на Црна Гора и Косово, Здравко Кривокапиќ и Албин Курти, како и Зоран Тегелтија, претседавач со Советот на министри на Босна и Херцеговина, албанската министерка за инфраструктура и енергија, Белинда Балуку и посебниот претставник на Европската унија за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

„Со новата Европска комисија, која ја продолжува искрената определба за проширување на претходната, и со лидерите на земјите членки на Европската унија кои ја прифатија новата методологија за проширување, оваа стратешка цел на ЕУ доби повторна виталност која не смее да се загрози со натамошни одлагања на сериозни и конкретни чекори кои се однесуваат на пристапниот процес на земјите од Западен Балкан“, рече Заев оценувајќи дека Северна Македонија, со Грција покажа дека е возможно и од процес на недоразбирање да излезат како посилни пријатели и изрази уверување дека тоа е возможно и со Бугарија и затоа како што истакна „бараме и создаваме истомисленици за оваа наша цел и за ова наше уверување“.

ЕУ да испорача кон С. Македонија

Заев е придружуван од вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров. Вицепремиерот Димитров истакна дека новата методологија за пристапни преговори може да внесе нова динамика и поголема веродостојност на пристапниот процес само ако е правилно применета, за што е потребна заемна посветеност - и на земјите кандидати, и на Европската унија.

-повеќе на темата: Мас: Мораме да го исполниме ветувањето кон С. Македонија и Албанија

„Ако се вратиме на основите како што предвидува и самата методологија, не смееме да го заборавиме базичното правило дека процесот на пристапување е двостран и подразбира испорачување на обете страни.Крајно време е Унијата да испорача кон Северна Македонија, исполнувајќи го сопственото ветување за почеток на преговори откако земјата ги исполни сите услови“, рече Димитров. Тој дополни дека Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан е признание од страна на ЕУ дека треба да стори повеќе за регионот за да го одржи процесот на европеизација, како подадена рака за фундаментални реформи, брза имплементација и регионална економска интеграција.

Nord-Mazedonien: Nikola Dimitrov, Außenminister

Крајно време е Унијата да испорача кон Северна Македонија, исполнувајќи го сопственото ветување за почеток на преговори откако земјата ги исполни сите услови“, рече Димитров

Домаќинот на состанокот, австрискиот канцелар Себастијан Курц, во изјава за медиумите од регионот рече дека неговата цел е со оваа конференција да го врати Западен Балкан на високо место на агендата на ЕУ. „Западен Балкан е регион кој е важен за нас во Австрија, и за мене лично. Кога бев министер за надворешни работи, започнав да се залагам за тој регион и го продолжив тоа како канцелар“, рече тој. Според него, пандемијата на коронавирусот засенува многу теми и ги става во втор план, како и Западен Балкан.

На панелот за Западен Балкан во Виена, Курц најави дека Австрија ќе донира 1 милион вакцини за земјите од регионот. Со тоа ќе ја демонстрира европската солидарност, особено ако се има предвид фактот дека и самата Австрија се соочува со предизвици во набавката доволен број вакцини, а во исто време подготвува донација.