Балканот во ЕУ дури во 2023 година?! | Теми | DW | 04.09.2010
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Теми

Балканот во ЕУ дури во 2023 година?!

Само Хрватска, која веројатно скоро ќе ги заврши пристапните преговори, може да очекува прием во ЕУ во 2012 или 2013 година. Цел Балкан - можно до 2023 г., се вели во прилогот на Првата програма на Австриското радио ОРФ.

default

Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Албанија и БиХ сакаат да станат членки на ЕУ колку што е можно побргу. Но, земјите од Унијата се‘ помалку ја возвраќаат оваа љубов. Само Хрватска, која веројатно наскоро ќе ги заврши пристапните преговори, може да се надева на прием во 2012 или 2013 година. Другите балкански земји можеби ќе чекаат до 2023 година, се вели во прилогот на Првата програма на Австриското радио, ОРФ.

Редица изговори

Кога црногорската министерка за евроинтеграции Гордана Ѓуровиќ пред своите колеги од европските земји го отвора прашањето за следните чекори за прием на Подгорица во

Logo ORF Österreich

Лого на австриското радио ОРФ

ЕУ, се‘ почесто добива одговор дека сега не е вистински момент за таа тема.

„Сега се наоѓаме во услови на економска криза; колкав е всушност капацитетот за прием на нови членки на ЕУ; не сега; во моментов се во тек избори во некоја од ЕУ-членките“, се најчестите изговори и одговори кои таа ги слуша од колегите.

Петер Балаш, поранешен министер за надворешни работи на Унгарија и поранешен еврокомесар, кој сега го раководи Центарот за студии за проширување на ЕУ на Централниот Европски Универзитет во Будимпешта, го потврдува тоа: Оној кој сака да победи на изборите, не треба да ја отвора темата проширување:

„Постои извесен распространет замор од проширувањето, скепса кон балканските земји не само кај населението, туку и кај политичарите,“ вели Балаш.

Бусек: Застојот нема врска со Балкан

26.11.2004 Journal Interview Erhard Busek

Ерхард Бусек

Ерхард Бусек, претседател на форумот Алпбах и поранешен координатор на Пактот за стабилност на Југоисточна Европа, не спори дека проширувањето е во застој, но тврди:

„Тоа всушност нема врска со балканските земји, туку се работи за момент по Лисабонскот договор, внатрешна неспособност на ЕУ за донесување одлуки. Се‘ уште не е ’сварен’ Лисабон, ЕУ се обидува најпрво самата да се среди,“ тврди Бусек.

Следниот круг проширување по десет години?

Уште колку долго ќе треба да чекаат Србија, Црна Гора, Косово, Македонија, Албанија и БиХ?

Поранешниот унгарски министер за надворешни работи Петер Балаш:

„Секое проширување доаѓа по околу десет години по претходното. За догледно време не гледам шанса за проширување со повеќе од една, две земји“, вели Балаш, одговорајќи со „можеби“ на прашањето на новинарот дали тоа би биле Хрватска и Исланд, по чиј прием би следела пауза од десетина години. Тоа би значело дека следната рунда проширување со балканските земји би била дури во 2023 година.

Црногорската министерка за европски интеграции Гордана Ѓуровиќ, пак, истакнува: Подгорица се надева на прием во ЕУ до 2016 година. Оние земји кои ги

Den Tisch gedeckt für die EU

исполниле условите, треба да бидат примени, тоа е фер, истакнува таа. „Не смее да се заборави дека евроинтегративниот процес беше најсилниот мотор за економски и демократски реформи во Црна Гора. Инаку, би следело разочарување, би значело дека нема јасни механизми кои функционираат за Балкан за прием во ЕУ, што би ја уништило мотивацијата за натамошни реформи“, вели Ѓуровиќ.

Балаш не се согласува:

„Членството во ЕУ не е волшебно средство. Постојат други патишта за стабилизација на една влада, како - трговски односи, сообраќај, инфраструктура, визна либерализација.“

Овие предлози се, сепак, премногу едноставни, смета Бусек. Европа, според него, не смее да се извлекува од одговорноста за Балкан.

Но, овој став во моментов во ЕУ малкумина го делат.

Автор: Кристијан Линингер/ОРФ/Жана Ацеска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM