Бакнежот на Охридската пастрмка | Македонија | DW | 18.01.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Бакнежот на Охридската пастрмка

По пет години подготовки, снимања и монтажа во Охрид беше промовиран документарецот „Танцот со пастрмките“. Филмот беше поздравен со аплаузи од публиката, особено сцената на бакнежот помеѓу нуркачот и пастрмката.

Автор на филмот е искусниот меѓународен инструктор по нуркање  Милутин Секулоски. Во тимот беа неговите колеги од Нуркачкиот центар „Амфора“, м-р Зоран Спиркоски од Хидробиолошкиот завод  и уште неколку професионалци од Охрид кои помогнаа документарецот да ја добие посакуваната физиономија.
Охридското Езеро крие големи тајни во себе. Што има во неговата длабочина?  Знаат научниците, биолозите, нуркачите. Тоа со децении е нивен интерес. Езерото е непресушен извор за нивната истражувачка работа во кое има за секого по нешто. Но пастрмката е на пиедесталот. Таа е првата асоцијација за милениумски старото Охридско Езеро.

Гледај видео 01:20

Танцот со пастрмките

Потрага по домот на пастрмката

Научниците велат биолошки- исчезнува, но социолошки пастрмката се’ уште е бренд и феномен.Своевидниот научно – популарен филм „Танцот со пастрмките“ одговара на љубопитните прашања:  Каде се раѓа, каде и како живее, со што се храни, оплодува и ако не заврши на нечија трпеза, каква е судбината на пастрмката?

Ендемичната пастрмка не е ни свесна што значи таа за езерото, туку само горделиво живее во својот свет во кој напрсти можат да се избројат луѓето кои допреле и биле гости во нејзиниот отворен, син и длабок дом. Еден од нив е охридскиот Жак Кусто – нуркачот Милутин Секуловски: „Во моето нуркачко тридецениско искуство, сон ми беше да ја снимам и фотографирам охридската пастрмка. За мене таа е кралицата меѓу рибите. Копнеев да го снимам нејзиното живеалиште во езерото, местото на мрестење и да видам како се однесува под вода во присуство на луѓе.“ 

Bildergalerie : Forellen (ibnanews.ir)

„За мене пастрмката е кралицата меѓу рибите“, вели нуркачот Секулоски.

Филмот ја открива тајната на спријателувањето на Секулоски со пастрмките и нивното заедничко дружење во длабочините:  „Се снимаше само ноќе, тогаш пастрмките се мирни  и претпазливо можев да дојдам во нивна близина. Најчесто се среќававме на длабочина од 2 до 15 метри , но дел од снимките се направени на длабочина од 40 метри. Не знам како се случи, но една од нив како да ја почувствува мојата добра намера. По толку среќавања спокојно дојде до мене...“, вели Секулоски.

Заштита на пастрмката на повисоко ниво

Документарецот е правен со скромна опрема, се снимал пет сезони во декември, јануари и февруари,пред и за време на нејзиниот мрест кај Градиште, Трпејца и Охрид.

„Главаната моја порака е да ја заштитиме популацијата на пастрмката како ендемичен вид во Охридското Езеро. Оваа видео приказна ќе се обидеме да допре до што повеќе луѓе низ светот.  Се надевам дека ќе успееме да ја пласираме пред сѐ на некои фестивали за филмови создадени со подводно снимање,“ вели Секулоски.

Нуркачот не мирува – веќе сонува за нов подвиг – пренуркувањето на Охридското Езеро, потфат што веќе е зад него да го преточи во нова филмска сторија.

А охридската пастрмка, како што напишавме уште во 2010 не е обична риба, таа на охриѓани им исполнувала и повеќе од три желби.Отворила многу врати, завршила факултети, спасила безброј животи. Мнозина и во иднина ќе ѝ се поклонуваат.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама