Бадентеровиот принцип да се прекрои по мерка на сите?! | Македонија | DW | 05.02.2013
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Бадентеровиот принцип да се прекрои по мерка на сите?!

Бадентерово мнозинство во Макдонија, како продукт на Рамковниот договор, се толкува и спроведува различно. Експертите и граѓаните мислат дека на Баденетровиот принцип му е потребна функционална надградба.

Повеќе од деценија по Охридскиот рамковен договор и речиси седум години по донесувањето на новиот Закон за локална самоуправа, во кој е втемелен и принципот на Бадентерово мнозинство, Бадентеровиот принцип во Македонија се толкува различно. Одредени инструменти кои беа воспоставени за подобрување на меѓуетничката доверба се покажа дека се само „декоративни“ и неискористени. Тие не го олеснаа меѓуетничкиот дијалог и решавањето на меѓуетничките проблеми.

„Бадентеровиот принцип во одлучувањето во Собранието на Република Македонија доследно се спроведува. За жал, наспроти ретките добри примери, воспоставените механизми на локално ниво, не беа целосно и доследно користени во градењето на меѓуетничката доверба. Така, Бадентеровиот принцип, кој беше воведен со цел да оневозможи мајоризација на локално ниво, во бројни случаи беше заобиколен и тоа во општини во кои Албанците се мнозинство“, вели експертот по политички систем Рената Тренеска Дескоска.

Да се сопре мајоризацијата и политичкото – етничко насилство, само желба

Robert Badinter, französischer Juraprofessor, Anwalt und Politiker

Роберт Бадентер претседаваше со Арбитражната комисија за земјите од поранешна Југославија

Преименувањата на улици, училишта, идеите за спомен плочи се’ до најновото, прогласувањето на поранешниот лидер на ОВК Рамуш Харадинај за почесен граѓанин на Тетово се примери кои го потврдуваат тоа. Дел од одлуките се обжалени пред судовите. Директорот на инспекторатот за локална самоуправа Ванчо Шехтански за Доје веле изјави: „Одлуката на Советот на општина Тетово е незаконски донесена, без Бадентер, без гласовите на советниците Македонци и би ја нарекол незаконска парада. По неа ќе биде донесено решение за поништување. А давањето на титулата е кривично дело и со тоа ќе се замнимаваат други институции. Овој и сличните чинови би ги нарекол флагрантно кршење и непризнавање на законите во Македонија,“ изјави Шехтански.

Дескоска потенцира: „Разочарува неефикасноста на државните институции да го воспостават нарушеното владеење на правото во општините кои и покрај обврската за користење на Бадентеровиот принцип, носеа и носат одлуки со мајоризација, односно со политичко-етничко насилство.“

Шехтански уверува дека Бадентер се применува секаде, освен инцидентно и секогаш пред избори: „На пример одлуката со промената на имињата на училиштата во Чаир беше поништена. Лани децата добија сведителства со македонски имиња на училиштата. Во јануари добија книшки на македонски и со печати на македонски јазик.“

Бадентер не е само за Албанците и Македонците?!

Комисии за односи меѓу заедниците постојат во 20 општини и градот Скопје, но и уште 20 комисии се формирани низ Македонија со цел да се изрази мултиетничкиот карактер на општините. Најчесто на нив се гледа математички преку проценти и превласт меѓу Македонците и Албанците. Се заборава на позитивните примери од Источна и Југосточна Македонија каде немнозинските заедници бројат 10 до 15 проценти од населението, ги нема во советите на општините, но преку Комисиите се слуша нивниот глас.

Stojce Smilevski

Стојче Смилески, претседател на Комисијата за односи меѓу заедниците од Кичево

„Нашата комисија брои седум членови од исто толку етнички заедници. По наше барање турскиот јазик се изучува и во кичевската гимназија, со консензус од комисијата дадено е име на оваа образовна установа и имиња на неколку мостови. Помогнавме околу застапеноста на културните вредности на сите етникуми преку Советот да добијат финансиски средства. Работевме на интеграцијата на младите. Лошите искуства од Струга на пример ние ги преточивме во позитива и ја пропагиравме вистината дека различностите се вредности со кои треба да се гордееме,“ вели Стојче Смилески, претседател на Комисијата за односи меѓу заедниците од Кичево.

Време е за функционални измени на Бадентеровиот принцип

Политичкиот аналитичар Џабир Дерала смета дека употребата на Бадентеровиот принцип е нарушена од самиот почеток. „И овој, и останатите принципи зададени од Охридскиот договор, наваму се гледаат како монети за поткусурување и пазар меѓу политичките партии од различен етнички предзнак. Многу итно треба да се преиспита Бадентеровиот принцип и во средините со мнозинско македонско и мнозинско албанско население. Подеднакво го крши принципот и сметам дека тоа не е фер спрема останатите граѓани во Република Македонија.“

Експертите во иднина очекуваат поактивна улога на Министерството за локална самоуправа и Заеднициата на единците на локална самоуправа ЗЕЛС. „Недостига комуникација и хирерахија меѓу локалните комисии и Комитетот за меѓунационални односи во парламентот. Предлагаме измени на Законот за локална самоуправа кои не излегуваат од рамките на Уставните промени од 2001 година, ниту го менуваме духот на промените, туку само нивната функционалност“, вели Сретен Коцевски, претседател на Институтот за развој на заедници од Тетово.

Поврзана содржина