Багдад-ЕУ ги осуди нападите | Вести | DW | 19.04.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Багдад-ЕУ ги осуди нападите

По серијата напади во Багдад,ЕУ ги повика сите политички партии и народни групи да се воздржат од насилство.Иднината на Ирак не може да биде градена врз бесмислени убиства,изјави германското претседателсство со Унијата.И американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс го осуди нападите,во кои според најновите информации загинале околу 200 луѓе.Гејтс денеска ненајавено стигна во главниот ирачки град.Во меѓувреме од Багдад стигнаа информации за нова експлозија во која има најмалку десет жртви.Како што соопшти полицијата,атентатор самоубиец со својот автомобил влетал во цистерна.