Аџиите го каменуваа ѓаволот | Панорама | DW | 13.09.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Аџиите го каменуваа ѓаволот

Муслимани од целиот свет и годинава во Мека и Мена со аџилак го прославија големиот празник Курбан Бајрам. Минатата година, во смртоносно стампедо во светите места загинаа над 2 илјади луѓе

Околу 2 милиона верници од понеделникот се собираат во муслиманските свети места во Саудиска Арабија на аџилак по повод Курбан Бајрам. Традиционалниот ритуал се состои од каменување на ѓаволот на мостот Џамарат. Изградбата на мостот пред десет години чинеше околу една милијарда долари.

Гледај видео 01:21
Now live
01:21 минути

Аџиите го каменуваа ѓаволот

Според легендата, тоа е местото каде ѓаволот го убедувал пророкот Ибрахим да не го исполнува барањето на Бога и да го жртвува својот син.

Аџилакот трае вкупно пет дена, а каменувањето до среда. Минатата година во светите места дојде до големо стампедо во кое загинаа над 2 илјади луѓе. Годинава е забележливо далеку поголемо присуство на полицијата и обезбедување, и досега немаше никакви инциденти.

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама