Ајатолахот Шахруди избега од Хановер | Свет | DW | 11.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Ајатолахот Шахруди избега од Хановер

Поранешниот судија Шахруди, кој во Иран има изречено стотици смртни казни, се лекувал во Хановер. Борци за човекови права, Курди и политичари на Зелените, вџашени од тој факт го пријавија.

Deutschland Hannover - Mahmud Hashemi Shahrudi im Krankenhaus (entekhab)

Махмуд Хашеми-Шахруди во болницата во Хановер (07.01.2018)

Полицијата во Хановер денеска за весникот „Ноје пресе“ потврди дека ајатолахот Махмуд Хашеми-Шахруди го напуштил градот. Таму поранешниот ирански судија се лекувал во една приватна клиника.

Обвинителството во меѓувреме проверува дали против поранешниот шеф на иранското правосудство би требало да се покрене истрага за злосторства против човештвото. Во повеќе кривични пријави тој се товари за потврдување на смртни казни против деца. Од Сојузното обвинителство, меѓутоа, се вели дека засега нема доволно сознанија за издавање налог за апсење.

Според наводи на иранското опозициско движење Национален совет за отпор на Иран (НВРИ) во Берлин, Шахруди заедно со својот шестчлен тим имал намера од Хамбург уште денеска да замине за Техеран.

Германија важи за топ-дестинација за медицински третмани. Не е тајна дека во земјата на лекување доаѓаат високи политчари од други држави. Генерално, сите лица кои во Германија сакаат да допатуваат од Иран, би морале да побараат виза. На тој начин и властите се информирани за нивниот престој во Германија.

Портпарол на Министерството за надворешни работи во Берлин на прес-конференција на 8 јануари потврди дека ајатолахот Шахруди престојува во Германија неколку недели. „Поради тешка болест, господин Шахруди замоли за можност за натамошно лекување во Германија. На оваа желба е одговорено позитивно, откако е извршена проверка на здравствените причини“, беше речено во Берлин.

На барање на Дојче веле, Министерството за надворешни работи ги прецизираше информациите. Според нив, Шахруди е во Германија од 21 декември 2017 година. Во земјата влегол со виза издадена од страна на германската амбасада во Техеран.

Според информации на Фарси-редакцијата на ДВ, Шахруди претходно бил на лекување во Лондон. Веројатно, била изразена желба за друг медицински третман во Германија.

Iran Öffentliche Hinrichtung (MIZAN)

Во периодот кога Шахруди бил Врховен судија, во Иран се егзекутирани околу две илјади лица, меѓу кои и голем број деца

„Судија на смртта“

Шахруди во август беше назначен за прв човек на влијателниот Совет за посредување. Поранешниот шеф на правосудството на ова место доаѓа по умерениот политичар Акбар Хашеми Рафсанџани, кој почина во јануари. Назначувањето на 68-годишниот Шахруди се оценува како зацврстување на контролата на конзервативците во Иран.

Советот за посредување, кој брои 44 членови, посредува во конфликти меѓу Владата и Советот на чуварите на револуцијата. Најчесто, политичарите се испраќаат во Советот кога се на крајот од кариерата. Шахруди, кој потекнува од Ирак, важи за близок човек на иранскиот духовен лидер, ајатолахот Али Хамнеи.

Шахруди од 1999 до 2009 година беше Врховен судија во Иран. Во тој период се егзекутирани околу 2.000 осудени лица, меѓу кои и голем број малолетници.

Реклама