1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ахмети: Предлогот на Нимиц е Горна Македонија

БГ/макфакс10 јули 2013

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во Софија го откри последниот предлог на медијаторот во преговорите за името и вели дека се работи за документ за кој може да се разговара.

https://p.dw.com/p/194ps
Фотографија: DW/S.Padori-Klenke

Досега имаше средби на ниво на претставници меѓу Македонија и Грција и немаше конкретен предлог за името на Македонија, сега постои еден предлог тоа да биде Горна Република Македонија, изјави во вторникот (09.07) лидерот на владејачката ДУИ Али Ахемети во бугарската престолнина Софија, каде ја предводи партиската делегација на средби со бугарскиот државен врв.

„Тоа значи дека сега сепак има еден основен документ, околу кој страните можат да седнат и да разговараат. Моите согледување се дека без притисок од меѓународната заедница, не би се стигнало до соодветни преговори, како и без помошта од земјите во регионот. Токму сега е моментот кога треба да се седне на масата за преговори, кога има документ кој треба да се разгледува. Кога ќе се седне на масата, ќе започне и дијалогот, но не треба да се остане на ниво на претставници, а треба да се подигнат на ниво на делегации“, појаснува Ахмети.

Зборувајќи на предавањето „Сто години од Балканските војни, помирување и интеграција“, лидерот на ДУИ рекол и дека спорот меѓу Грција и Македонија за името не е поголем од спорот меѓу Косово и Србија. „Не би рекол дека тој спор е поголем од спорот меѓу Косово и Србија. Тој проблем е многу емоционален, и каде што има емоции, нема реалност. Сосема е нормално како трета страна посредник да биде меѓународната заедница, којашто на некој начин ќе ги лади таквите емоции“, додал Ахмети, кој во вторникот претходно во Софија се сретна со бугарскиот премиер Пламен Орешарски и шефот на дипломатијата Кристијан Вигенин, при што била изразена подготвеноста на Бугарија да помогне и да ја поддржи Македонија во нејзините евроатлантски интеграции. Станува збор за прва официјална изјава на македонски или грчки висок политичар по предлогот на специјалниот посредник на ОН за спорот со името, Метју Нимиц. Партијата Демократска унија за интеграција (ДУИ) на Ахмети, како најзастапена во македонскиот парламент, е албанскиот партнер во коалициската влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.