Ахмети: ДУИ со зелена агенда на локалните избори | Северна Македонија | DW | 05.06.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Ахмети: ДУИ со зелена агенда на локалните избори

Лидерот на ДУИ, во обраќањето по повод 19 роденден на партијата, објави дека зелената агенда станува нејзин дел на локалните избори.

„На 19. роденден на ДУИ започнуваме нова политика, нов начин на водење политика и директно дејствување, политика за еколошка правда и квалитетен живот. Зелената агенда станува дел од Демократската унија за интеграција", рече Ахмети, истакнувајќи дека тој и неговите соработници веќе се фокусираат целосно на квалитетот на животот, условите за живот, развојот, квалитетно образование и здравство, неселективна правда, дигитализација, социјални политики, инфраструктура, економија и животна средина.

Младите бараат услови за живот како нивните врсници на запад, работни места како и модерна животна средина, рече Ахмети, а на почетокот од своето обраќање, присутните ги поздрави на македонски јазик.

Во говорот тој ги нотираше проектите и активностите кои ДУИ ги реализираше во текот на своето постоење.

„Воспоставивме еднаквост преку целосна имплементација на Охридскиот мировен договор, легализација на високото образование на албански јазик, децентрализација, национални симболи и култура, албански јазик, правична и соодветна застапеност, интеграција во НАТО, добивањето зелено светло за членство во ЕУ, заедно со многу други предности на нашите граѓани", рече Ахмети.