1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Polen Auschwitz Museum
Музеј Аушвиц Фотографија: Picture alliance/AP Photo/B. Bartyzel
Историја

Аушвиц: Заедничкото сеќавање поврзува

Кристина Кифнер | Магда Гвожџ
27 јануари 2020

Во серијата „Места на злосторство - места на помирување“ се занимаваме со прашањето како врз тешкото минато да се изгради соживот. Во Аушвиц видовме како конзервирањето предмети поврзува една Германка и еден Полјак.

https://p.dw.com/p/3WrYh

Две репортерки - едната од Германија, другата од Полска - во посета на Аушвиц-Биркенау, поранешен нацистички логор на смртта. Се прашуваме: Може ли на вакво едно место да се најдат знаци на помирување?

Во Аушвиц-Биркену биле депортирани и убиени повеќе од еден милион луѓе. Претходно им се одземени последните работи кои ги поседувале. Во лабораторијата на музејот во Аушвиц ја среќаваме Маргрит Борман. Таа е задолжена за чување на она што е останато од тоа време.

„Пред сѐ ја чувствувам одговорноста која произлегува од тоа. Имам голема емпатија за жртвите, како и за моите полски колеги овде. Имам еден вид внатрешна потреба да бидам овде и да помагам за да се зачува местото“, вели Борман.

Konservatorin Margrit Bormann
Маргрит Борман, конзерваторкаФотографија: DW/J. Hahn

Меѓународен тим работи на зачувување на она што некогаш им припаѓало нажртвите во логорот, а што им било одземено од страна на нацистите. Конзерваторката вели дека за неа е многу трогателно што може да учествува во тоа како Германка.

„Би рекла дури дека е рамно на чудо. Многу сум среќна што е такво нешто можно. Соработуваме на многу рамноправно ниво, со емпатија и почит.“

Така е и покрај тоа што историјата на предметите често ги оптоварува конзерваторите. Маргрит Борман нѐ носи кај својот полски колега Мирослав Мачашчик, кој се грижи за зачувување на картички, писма и други пишани материјали. Тој особено се сеќава на писмото на едно момче до Црвениот крст.

„Тој пишал дека има шест години, дека е тоа негово прво писмо и дека го бара татка си, кого последен пат го видел кога имал три години. Вакви ситуации се многу тешки.“

Концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау е ослободен пред 75 години. Она што тука се случувало останува несфатливо - место на систематско уништување животи.

Со оглед на ужасите на нацистите, нѐ интересира што чувствуваат оние кои работат овде? Немаат ли неизбежно чувство на бес кон Германците?

Одговорот можете да го погледнете во видеото:

Аушвиц: Заедничкото сеќавање поврзува

Прескокни го блокот Поврзани теми

Поврзани теми

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Од СДСМ посочуваат на „можноста за проширување на мнозинство, со приклучување на АА, покрај постојните политички партнери“

Отворена врата за АА, диференцирање од ВМРО-ДПМНЕ и Левица

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница