Атомска подморница на САД во јужнокорејско пристаниште | Свет | DW | 25.04.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Атомска подморница на САД во јужнокорејско пристаниште

Во нуклеарниот спор со Северна Кореја, претседателот на САД, Трамп неодамна се закани дека ќе испрати „армада“ во насока на Пјонгјанг. Една подморница вооружена со проектили е веќе таму, а на пат е и носач на авиони.

Подморницата на нуклеарен погон „УСС Мичиген“ е закотвена во јужнокорејското пристаниште Бусан, на околу 500 километри оддалеченост од главниот град на Северна Кореја, Пјонгјанг. Подморницата ѝ припаѓа на класата Охајо и може да транспортира до 154 ракети од типот Томaхавк, како и 66 елитни војници и нивното вооружување. Преместувањето на подморницата во Бусан следуваше откако севернокорејскиот властодржец Ким Јонг Ун во спорот околу атомската програма на неговата земја уште еднаш со остри зборови се закани со војна и со потопување на американскиот носач на авиони „УСС Карл Вилсон“. Тој и неговите придружувачки bродови во моментов учествуваат во заеднички воени маневри со јапонските бродови во западниот Пацифик. За неколку денови овие американски бродови се очекуваат пред Корејскиот полуостров. 

Во меѓувреме претставници на САД, Јапонија и на Јужна Кореја се договорија да ги координираат своите акции во врска со Северна Кореја, каде денеска се одбележува годишнината на основањето на армијата. Според договореното сојузниците ќе ги координираат сите дипломатски, воени и економски мерки кога е во прашање Северна Кореја.

Максимизирање на притисокот врз Пјонгјанг

Иако постоеја стравувања дека комунистичкиот режим во Пјонгјанг по овој повод ќе изведе ракетен или атомски тест,  досега немаше какви било нови провокации. Јужнокорејските медиуми јавија дека Северна Кореја денеска извела воена вежба кај пристаништето Вонсан, во која биле вклучени 300 до 400 парчиња артилериско оружје.

Претставниците на САД, Јужна Кореја и Јапонија, на средбата во Токио, уште се согласиле оти Кина има клучна улога во влијанието врз Северна Кореја да запре со ракетните и нуклеарните програми.  Кина особена има „многу важна улога“, рече американскиот претставник Џозеф Јун и додаде дека резолуциите од Советот за безбедност на ОН и санкциите воведени против Северна Кореја мораат во целост да бидат применети. Пертставникот на Јужна Кореја, Ким Хонг Кјун, изјави оти е постигнат договор да се „максимизира притисокот“ врз Пјонгјанг со воведување на „неподносливи“ казнени мерки, доколку продолжи со провокации.

Инаку весникот на владеачката кинеска комунистичка партија „Глобал тајмс“ денеска објави текст во кој Северна Кореја е предупредена оти нов нуклеарен тест веројатно ќе доведе до точка по која веќе „нема враќање“.Кина се надева на мирно решение, но Пекинг има „многу ограничено влијание на целата ситуација“, пишува весникот.

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама