Атина очекува напредок по средбата Заев-Ципрас во Давос | Северна Македонија | DW | 23.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Атина очекува напредок по средбата Заев-Ципрас во Давос

Грчкиот премиер Алексис Ципрас и неговиот македонски колега Зоран Заев утре ќе ја остварат првата меѓусебна билатерална средба на маргините на Светскиот економски форум во швајцарскиот Давос.

Грчката влада соопшти дека од средбата очекуваат напредок во спорот за името.

„Од состанокот очекуваме напредок во правец на изнаоѓање взаемно прифатливо решение“, изјави портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос.

„Решението мора да се најде врз база на сложено име, со географска или временска одредница, која ќе важи насекаде, ставајќи јасно до знаење дека никој не може да полага право врз земјата или историјата на други народи“, рече тој.

Во неделата во Солун се одржаа демонстрации против употребата на терминот Македонија во името на соседната земја. На чело на протестите беа националистички кругови и тврдокорни црковни претставници. Во грчката влада велат дека десно-радикалните и ултра-националистичките групи во земјата ги злоупотребуваат чувствата на граѓаните во однос на спорот.

Гледај видео 01:42

Нимиц оптимист по разговорите во Њујорк

„Недостатокот на решение е она што ги поткопува грчките интереси“, вели Ѕанакопулос. Официјална Атина смета дека масовноста на демонстрациите нема да игра никаква улога врз преговорите. Тоа во изјава го потврди и шефот на дипломатијата Никос Коѕиас. Тој потврди дека двете земји се приближиле во однос на некои прашања. 
Заев и Ципрас претходно имаа телефонски разговор за време на новогодишните празници. 
Во следните недели, според најавите во грчките медиуми, се очекува посета на медијаторот Метју Нимиц на Скопје и Атина. 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама