Атентаторот од Стразбур убиен од полицијата | Свет | DW | 14.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Атентаторот од Стразбур убиен од полицијата

Два дена по нападот врз божиќниот панаѓур во Стразбур, осомничениот атентатор Шериф Шекат е убиен од страна на полицијата во престрелка во стразбуршкиот кварт Нојдорф.

Шериф Шекат загина како неговите жртви - на улица. Францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер соопшти дека 29-годишниот осомничен атентатор е убиен за време на рација во стразбуршкиот кварт Нојдорф. Шекат отворил оган врз полицајците, по што бил убиен. Француските антитерористички сили вчера интензивно го пребаруваа квартот кој се наоѓа југоисточно од центарот на Стразбур.

Шекат во вторникот таму избегал со такси. Оттогаш му немаше трага. При нападот врз божиќниот панаѓур беа убиени три лица. На четвртата жртва ѝ откажа мозокот.

Врските со Исламска држава не се докажани

Непосредно по убиството на антентаторот, терористичката милиција Исламска држава презеде одговорност за нападот врз божиќниот панаѓур. Таа тврди дека напаѓачот бил нејзин војник. Безбедносните сили ја проверуваат автентичноста на оваа информација.

Frankreich, Straßburg: Tatverdächtiger des Straßburger Attentats Cherif Chekatt (picture-alliance/AP)

Француската полиција трагаше по Шериф Шекат од вторникот

По 29-годишниот Шекат трагаа околу 800 припадници на француските безбедносни сили. Освен тоа, француската влада ги зајакна силите кои имаат антитерористички задачи. Армиските припадници кои се дел од операцијата „Стража“ би требало да се грижат за безбедност на јавните места и на божиќните панаѓури.

Повеќе: Франција ја засилува антитерористичката операција

Долг список на кривични дела

Атентаторот во вторникот вечерта отвори оган во центарот на Стразбур. Сведоци слушнале како извикува „Алаху акбар“ (Господ е голем), изјави раководителот на истрагата Реми Хајц. Потоа напаѓачот побегна без трага.

Повеќе: Највисок степен на тревога во Стразбур

Според наводи на обвинителството во Париз, полицијата уапсила пет лица од опкружувањето на Шекат. Уапсени биле родителите и двајца браќа на Шекат, и лице за кое нема подетални наводи.

Со смртта на Шекат завршува не само потрагата на полицијата, туку и една долга криминална кариера. Шекат бил првпат осуден уште на 13-годишна ворзаст. Во Франција, Германија и Швајцарија вкупно имал дури 67 пресуди за криминал. Во германскиот град Фрајбург бил затворен до 27 февруари 2017 година. Според радиото РББ, Шекат непосредно пред нападот во Стразбур бил телефонски повикан од Германија, но не одговорил на повикот. Нејасно е кој му се јавувал и зошто. Истрагата сега интензивно се занимава со ова прашање.

DW.COM

Реклама