Атентаторот од Истанбул признал вина | Свет | DW | 17.01.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Атентаторот од Истанбул признал вина

Осомничениот напаѓач на клубот „Реина“ во Истанбул ја признал вината, соопшти изутринава истанбулскиот гувернер. Тој беше уапсен ноќеска. Во нападот во новогодишната ноќ беа убиени 39 луѓе.

По нешто повеќе од две недели по нападот во клубот „Реина“, осомничениот напаѓач Абдулгадир Масхарипов, е фатен во истанбулскиот кварт Есенјурт, јавуваат турските медиуми. Тој таму престојувал заедно со својот четиригодишен син.

Во заедничката акција на полицијата и турската тајна служба, според извештај на турската телевизија, уапсени се и три жени и маж по потекло од Киргистан. Осомничениот за нападот, според гувернерот на Истанбул Васип Сахин, е лице од Узбекистан. Тој наводно припаѓа на централноазиска ќелија на „Исламска држава“. Сахин го соопшти и идентитетот на напаѓачот, иако претходно од турската влада доаѓаа информации дека идентитетот на уапсениот е познат, но нема да биде објавен.

Гледај видео 01:01

Уапсен атентаторот од Истанбул

Турските медиуми оценуваат дека апсењето е апсолутен успех, меѓу другото и затоа што осомничениот е фатен жив. Приватната новинска агенција Доган објави, според сопствени наводи, прва фотографија од уапсениот. На нејзе се гледа повреден маж, со темна боја на коса во крвава сива маица, кого некој го држи за вратот. НТВ јави дека осомничениот пружал отпор при апсењето. Весникот „Хуриет“ извести дека осомничениот прво ќе биде подложен на лекарски преглед, а потоа ќе биде сослушан во полиција.

Напаѓачот упадна во познатиот истанбулски клуб „Реина“ во новогодишната ноќ и отвори оган врз присутните. Притоа беа убиени 39 лица, од кои 26-мина странци. Десетици други се повредени. Напаѓачот успеа да избега.„Исламска држава“ презеде одговорност за нападот и соопшти дека тој е одмазда за турскиот воен ангажман во Сирија.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама