Атентаторот Амри користел најмалку 14 идентитети | Свет | DW | 05.01.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Атентаторот Амри користел најмалку 14 идентитети

Во времето на својот престој во Германија, Амри користел 14 различни идентитети, стои во извештајот објавен на вонредна седница во покраинскиот парламент во Диселдорф. Опозицијата прашува- можел ли нападот да се спречи?

Берлинскиот атентатор Анис Амрина германските служби им бил познат под 14 различни имиња, произлегува од извештајот кој директорот на покраинската криминалистичка служба на Северна Рајна Вестфалија, Дитер Ширман го поднесе пред Комисијата за внатрешни работи на покраинскиот парламент. Опозицијата инсистира на одговор на прашањето: дали надлежните служби направиле грешка и дали нападот во Берлин можел да биде спречен? На вонредната седница на Комисијата, Ширман ги презентираше напорите на службите да докажат дека Тунижанецот врши подготовки за терористички напад. На крајот, на сојузните и на покраинските надлежни служби ни заеднички не им успеало да обезбедат доволно конкретни докази за убедување на правосудството во опасноста која произлегува од Амри. Притоа, иследниците „до крајни граници ги исцрпиле сите правни надлежности во пресретнувањето на евентуалната опасност“.

Покраинскиот министер за внатрешни работи Јегер во одбрана на безбедносните служби

Министерот за внатрешни работи на Северна Рајна Вестфалија Ралф Јегер се стави во одбрана на службите за безбедност во случајот Амри. И покрај „непрекинатото и непосредно следење“, сојузните и покраинските служби не обезбедиле конкретни докази кои би укажувале на терористички напад, истакна Јегер пред Комисијата. Оттаму, не можела да биде согледана никаква можност Амри да биде задржан во притвор до неговото депортирање по одбивањето на бараниот азил, дополни Буркард Шнидер, шеф на Одделот за странци. Оваа опција била отфрлена во заедничкиот сојузно-покраински Центар за одбрана од тероризам, поради неможноста од обезбедување потребни докази за евентуалната опасност која произлегува од Амри, доволни за судот. Со други зборови, проценките на службите во тој период  биле дека таква опасност не постои.

Berlin Trauer Weihnachtsmarkt Breitscheidplatz (Getty Images/S. Gallup)

Во Берлин Анис Амри уби 12 луѓе

Правната регулатива за странци во улога на „тап меч“

Сите обиди подоцнежниот атентатор врз божикниот пазар во Берлин да биде протеран во неговата татковина, останале безуспешни. Во случајот со Амри, законската регулатива за странци се покажала како „тап меч“, потенцираше претставникот на покраинското министерство за внатрешни работи. Во основа, проблемот бил што Тунис со месеци одбивал да го признае Анис Амри за свој државјанин. Документитите потребни за протерување на Тунижанецот стигнале во Северна Рајна Вестфалија неколку дена по извршениот атентат во Берлин.

Северна Рајна Вестфалија била едно од главните престојувалишта на Анис Амри. Бегалецот од Тунис бил класифициран за опасен, за исламистички „загрозувач“ од страна на неколку надлежни безбедносни служби, но од февруари 2016. година главно се наоѓал во Берлин. Нејасно е како успеал да исчезне од „радарот“ на полицијата.

Амри на 19. декември со камион влета во божикен панаѓур во Берлин и уби 12 луѓе, а по бегството, четири дена по нападот, беше убиен во Милано при рутинска полициска контрола. 

 

DW.COM

Реклама