Астронаутот Герст повторно на Земјата | Панорама | DW | 10.11.2014
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Астронаутот Герст повторно на Земјата

По речиси половина година во вселената астронаутот Герст повторно почувствува тло под нозете. По слетувањето во Казахстан добро расположен отпоздрави и се заблагодари. Сега особено се радува на џогирањето и на пица.

Раката високо подигната - Александер Герст успеа и сега е назад на Земјата. Олеснувањето му е видливо и тој е среќен. Тој седи на една столица среде ледените степи на северот на Казахстан, завиткан во ќебиња и им се насмевнува на експертите од тимот на Земјата и на телевизиските камери. Германскиот вулакнолог, кој петипол месеци мина на меѓународната вселенска станица ИСС, воопшто не изгледаше исцрпено кога ја напушти Сојуз-капсулата, која го врати на Земјата, смета коментаторот на американската вселенска агенција НАСА.

Alexander Gerst Maxim Surayev Reid Wiseman ISS Landung Kasachstan

Александер Герст со двајца колеги слета на Земјата

Слетувањето за Герст и неговите двајца колеги од Русија и САД се одвиваше според планот иако беше облачно со ниски температури. Меѓутоа на Герст не му беше студенто, како што рече самиот по првиот краток разговор со помагачите од надлежниот тим. Тој изјави дека се чувствува добро и: „Благодарам на сите!“ Потоа тој беше однесен во еден шатор.

Утрово, еднаипол минута пред пет часот по германско време на големата табла во рускиот контролен центар беше напишано: "Ect Pocadka" - слетувањето е успешно. Последните часови по откачувањето од меѓународанта вселенска станица беа и физички и психички напорни за астронаутите. Сојуз-капсулата на почетокот без да кочи почна да паѓа кон Земјата, триењето на воздухот го загреа надворешниот слој на капсулата на 1000 степени. Тројцата космонаути потоа на своите седишта беа изложени на големи притисоци пред да се отворат падобраните за слетување на Земјата.

ISS Blick auf die Erde

Поглед од ИСС кон Земјата

Јаболка за добредојде

Непосредно по слетувањето сите космонаути мораа да минат медицински преглед. Потоа беше планирана кратка церемонија за добредојде. Традиционално, на космонаутите, кои тукушто слетале, им се даваат свежи јаболка. Герст го продолжува патот и тоа со авион. Тој вечерва се очекува во астронаутскиот центар на Германскиот центар за вселенски летови во Келн.

Од крајот на мај годинава Герст истражуваше на околу 400 километри над Земјата, во вселенската станица ИСС. Милиони луѓе ги следеа неговите спектакуларни фотографии и видеа, кои Герст ги објавуваше на интернет. Назад на Земјата тој се радува пред сѐ повторно да ја види својата девојка и, како што неодамна кажа, повторно да џогира во шума и да јаде пица.