Асанж мора една година во затвор | Свет | DW | 01.05.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Асанж мора една година во затвор

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, денеска во Лондон е осуден на педесет недели затвор поради прекршување на правилата за условна слобода.

Џулијан Асанж беше уапсен на почетокот на април по повеќегодишен престој во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што најде прибежиште. Истиот ден британски суд донесе пресуда дека Асанж со бегањето во амбасадата ги прекршил на правилата за условна слобода. При пристигнувањето во судската зграда во Лондон денеска 47-годишниот Автсралиец покажа стисната тупаница. Пред судот имаше демонстранти кои носеа плакати на кои стоеја барања за ослбоодување на основачот на Викиликс.

Асанж побегна во амбасадата на Еквадор во Лондон во 2012 година. Тогаш требаше да ѝ биде испорачан на Шведска и таму да биде изведен пред суд поради обвинувања за силување и сексуално насилство. Асанж стравуваше дека Шведска би можела да го испорача на САД, каде поради објавувањето на американски документи за војните во Авганистан и Ирак од страна на Викиликс му се заканува судење.

Повеќе:

Апсењето на Асанж е опасен преседан

Џулијан Асанж уапсен во Лондон

САД го обвинуваат Асанж за заговор заедно со свиркачот Челзи Манинг со цел да се пробие лозинка во компјутерската мрежа на американската влада. Челзи Манинг, во тоа време Бредли Манинг, во 2010 година на Викиликс ѝ проследила стотици илјади тајни воени документи за воените операции на САД во Ирак и во Авганистан. Поради тоа американската влада поднесе барање за испорака на Асанж, против што тој има намера да се бори. Одлуката за барањето за испорака би можела да се одолговлече со години.

DW.COM

Реклама